Connect with us

Инфо +

Се обрати девојката од Струмица која била нападната:Со нив носеа секири и ножеви

Published

on

По случајот со денешната тепачка денеска на центарот во Струмица, се обрати и девојката која била претходно нападната.

Свет

НАТО обвинува: Русија планира нуклеарно оружје во вселената

Published

on

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека Алијансата има информации дека Русија ја разгледува можноста за поставување нуклеарно оружје во вселената, што може „сериозно да ја загрози глобалната безбедност“, објави германскиот весник „Велт“.

„Свесни сме за извештаите дека Русија ја испитува оваа опција“, изјави Руте за весникот, додавајќи дека Москва заостанува зад Западот во вселената и дека се обидува да го достигне развојот на нуклеарно антисателитско оружје.

Според него, таквото оружје не би било насочено директно кон Земјата, туку кон сателити, чие уништување може да предизвика „хаос“, бидејќи многу клучни системи на планетата се потпираат на сателитската технологија.

Continue Reading

Балкан

Српски студенти во обид да спречат доаѓање на владини симпатизери во Белград

Published

on

Група студенти во Нови Пазар денеска се обиде да ги запре автобусите со кои од Нови Пазар стотици приврзаници на српската власт тргнуваа кон Белград на големиот митинг на кој ги повика претседателот Александар Вучиќ.

Студентите седнаа на улицата пред кружен тек во градот, по што интервенираше полицијата, која ги отстрани и ги приведе, јавуваат српските медиуми. 

Денеска во Белград се одржува централниот настан на тридневниот собир „Не ја даваме Србија“, кој е одговор на власта на шестмесечните протести на српските студенти ширум земјата.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fsloznoprotivdiktature%2Fvideos%2F1463727907922602%2F&show_text=false&width=267&t=0

Continue Reading

Балкан

(ВИДЕО) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Published

on

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале преминот на автобусите со приврзаници на СНС на пат кон митингот во Белград.

Студенти и граѓани седнаа на коловозот во обид да го блокираат минувањето на автобусите, но полицијата, според видеата објавени на социјалните мрежи, насилно интервенирала и почнала да ги отстранува од улицата, пишува Нова.

Насобраните извикуваа: „Срам ви е?“, „Срам да ви е“, додека полицајци, како што може да се види на видео снимките, влечеа некои граѓани за раце и за нозе.

Полицијата ја отстрани толпата од коловозот и дозволи автобусите да поминат.

Додека возилата поминуваа, граѓаните и студентите со негодување и свирежи им викаа „Чаци“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк