Connect with us

Инфо +

„Без согласност од мојот сопруг да ми бидат извадени органи, не е човечност“

Published

on

Не знаев за себеси, ни каде сум што што сум, не можев да се соземам со самата себе и со она што сум го поминала – вели во интервју за 24 Телевизија родилката Јлдз Веапоска на која и беа извадени три органи при породување во струшката болница.

Таа вели дека до ден денеска не знае зашто тоа се случило и што точно се случило, какко и зашто и биле извадени органите.

Во документите има многу пропусти, вели таа.

Не сакам да трошам зборови и не сакам да ги спомнувам сите доктори затоа што докторите во Скопје ми го спасија животот, но сакам да го прашам доктор Асани што чекаше два месеци во јавноста да прозбори, а од кога го разрешија од директор тогаш му било жал, вели таа.

Копликации се случуваат, но вакви компликации не се случуваат, без согласност од мојот сопруг да ми бидат извадени органи и да се прави што се сака, не е човечност – вели родилката.

Балкан

Грчката министерка за култура: “Не постои влашки јазик”

Published

on

Изјавата на грчката министерка за култура Лина Мендони дека „не постои влашки јазик“ предизвика силни реакции во научната јавност и меѓу влашките здруженија во регионот. Настапувајќи во Парламентот, Мендони се повика на ставот на Панхеленската федерација на влашки културни здруженија, тврдејќи дека т.н. „влашки“ се само „локални дијалекти без стандардизирана форма“ и дека не може да се третираат како посебен јазик.

Оваа изјава доаѓа откако Министерството го повлече веќе одобрениот грант за проект на Епистемолошката асоцијација за проучување на културата на Власите, и покрај тоа што тој бил високо оценет од стручната комисија. Одлуката, според претседателот на здружението, професорот Василис Нициакос, била резултат на политички притисок и вмешаност на грчките тајни служби – тврдење кое министерката не го демантираше.

„Со жалење слушнав како министерката го отфрла постоењето на еден јазик кој е дел од нашето културно и лингвистичко наследство,“ изјави Нициакос. „Ако се работи за дијалекти – на кој јазик? На грчкиот не се. Значи, станува збор за друг, засебен јазик – влашкиот.“

Во својата реакција, тој остро ја критикува подреденоста на науката на политичките интереси, обвинувајќи ја Мендони дека наместо да ги слуша научниците, се повикува на ставови на здруженија што се занимаваат исклучиво со фолклор. „Ниту еден сериозен лингвист не би го негирал постоењето на влашкиот јазик како романски јазик со вековна традиција на Балканот. Одбивањето да се поддржи истражувањето за него е политичка, а не научна одлука.“

Влашкиот јазик, познат и како аромански, се зборува низ целите Балкани, вклучувајќи ја и Северна Македонија, каде е признат како малцински јазик. Неговото негирање во Грција се гледа како дел од поширока политика на асимилација и маргинализација на немнозинските идентитети.

Од Епистемолошката асоцијација најавуваат правни и дипломатски чекори, вклучително и обраќање до европските институции. „Ова не е само културна борба, туку борба за јазична и историска вистина,“ порача Нициакос.

Continue Reading

Свет

Трамп му дава на Путин три дена за прекин на огнот во Украина

Published

on

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави денеска дека Вашингтон очекува до крајот на оваа недела да добие одговор од рускиот претседател Владимир Путин за предлогот за прекин на огнот во Украина.

– Ќе го слушнеме нивниот одговор многу скоро, всушност оваа недела. Ние сакаме убиствата да престанат, рече Трамп на пресот со премиерката на Италија Џорџа Мелони во Белата куќа.

Трамп, исто така, повторно зборуваше за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Не сум задоволен со него. Не го обвинувам, но велам дека не ја заврши најдобро работата. Не сум голем обожавател, рече Трамп за својот украински колега.

Трамп посочи дека Русија има многу поголема армија од Украина и повторно го обвини неговиот претходник Џо Бајден за војната, како што направи неодамна кога ги обвини и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Зеленски.

Додаде дека САД и Украина може да потпишат договор за природни ресурси најдоцна до 24 април. Според него, договорот овозможува Америка да ги надомести трошоците за воената помош дадена на Киев.

Според „Блумберг“  износот на овој „долг“ бил намален трикратно во текот на преговорите – од 300 милијарди на 100 милијарди долари.

САД се подготвени да воведат нови санкции против Русија доколку Путин не прифати примирје до крајот на април, според извори на „Аксиос“.

Трамп бил незадоволен од однесувањето на Путин и смета дека тој намерно го одложува преговарачкиот процес, дозна претходно „Фокс њуз“, Според истите извори, Белата куќа разгледува можност за строги санкции против руската „флота во сенка“. Трамп претходно изјави дека може да воведе тарифи и до 500 отсто за земјите што купуваат руска нафта.

Continue Reading

Балкан

Скандал на Балканот: Заработи 70 милиони евра, а сега е прогласен за најголем криминалец

Published

on

Скандал во Црна Гора: Никола Пековиќ остана без луксузниот BMW X5 – се поврзува со криминалната група на Шариќ

Поранешниот НБА-кошаркар и еден од најпознатите спортисти од Црна Гора, Никола Пековиќ, се најде во центарот на нов скандал откако црногорската полиција го означи како високорангиран член на организирана криминална група која дејствува во северниот дел од земјата.

При полициска акција во Бјело Поље, бил запленет блиндиран автомобил „БМВ Х5“ со подгорички регистарски таблички, во сопственост на Пековиќ. Возилото во моментот на контролата го управувал Борис Драгаш (45) од Пљевља, кој инаку е припадник на Војската на Црна Гора.

Од полициските служби за порталот Vijesti потврдиле дека станува збор за активност насочена против членови на организирани криминални структури, а конкретно, Пековиќ се поврзува со групата на браќата Шариќ, кои се барани од црногорските власти.

„Во рамки на продолжените репресивни активности насочени кон организираниот криминал, службеници на Одделението за безбедност Бјело Поље извршија контрола на специјализирано (блиндирано) патничко моторно возило марка BMW X5, сопственост на Н.П., високорангиран член на криминална група од северна Црна Гора. Возилото го управуваше Б.Д. (45) од Пљевља, припадник на Војската на Црна Гора“, соопштија од полицијата.

Оваа акција отвора ново прашање за вмешаноста на јавни личности во криминални кругови и сигурно ќе има ехо во јавноста, како во Црна Гора, така и пошироко.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк