Битолчани го направија еден од најголемите иконостаси на Балканот

Битолското атеље Пердика цели 8 години го изработуваше иконостасот во централната црква Св. Никола во Крушево. Тоа беше долг процес на изработка од проект до монтирање во кои беа вклучени повеќе копаничари.

Фото:Бабам Битола

„Со овај иконостас кој се наоѓа во црквата Св. Никола се надминавме ние како Атеље Пердика јас и моите синови Филип Митко и мојата сопруга Мирјана, која беше и е наш најголем поддржувач и таа ги црта сите проекти. Мислам дека ова за нас е еден од најдрагите иконостаси и заради местоположбата, затоа што претходниот бил лебедова песна на Петре Филипоски Гарката и се зачувани и повеќето оригинални икони. Пред една година го направивме и Владичкиот престол за да се обнови целокупниот ентериер.

Бабам Битола

https://babambitola.mk/bitolchani-go-napravija-eden-od-najgolemite-ikonostasi-na-balkanot/