Connect with us

Инфо +

По Косово во Албанија: Артан Груби 2 дена ќе разговара со државниот врв и лидери на партиите во Тирана за пописот во Македонија

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска и утре ќе престојува во Тирана каде што ќе се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци.

Како што соопшти неговиот Кабинет, тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и пописот во Република Македонија.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во изминатите денови беше по посета на Приштина.

Груби, како што се наведува во соопштението, исто така ќе одржи посебни средби со претставниците на сите заедници во нашата земја во текот на неделата во врска со пописот на населението.

Тој на својот профил на Фејсбук се пофали со успехот што се постигнува на пописот во дијаспората, укажувајќи дека благодарејќи на мобилизацијата бил прифатен апелот на влијателните Албанци и само во изминатиот ден биле регистрирани 23 илјади државјани на Македонија што живеат во странство.

Свет

Српскиот претседател Вучиќ ја потресе светската политичка сцена откако откри тајна за западните лидери и Путин

Published

on

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека некои светски лидери тајно контактираат со рускиот претседател Владимир Путин, и покрај напорите на Западот да ја изолира Москва.

Во денешното интервју со Марио Навфал, основач на IBC Group и водител на шоуто „The Roundtable Show“ на социјалната мрежа „Икс“, Вучиќ посочи дека лично не се сретнал со Путин од ескалацијата на конфликтот во Украина во 2022 година. Тој нагласи дека не го видел Путин три години поради несогласувањата околу меѓународното јавно право.

Сепак, Вучиќ тврди дека многу лидери ја одржуваат комуникацијата со Путин зад сцената. „Знам за најмалку двајца главни лидери кои имаа тајни разговори со него. Имам пријатели во Кремљ и во некои други земји“, рече Вучиќ.

Иако не ги именуваше овие лидери, Вучиќ нагласи дека тоа не се унгарскиот премиер Виктор Орбан, австрискиот канцелар Карл Нехамер или словачкиот премиер Роберт Фицо, кои јавно ги изразиле своите контакти со Путин.

Вучиќ најави дека ќе се сретне со Путин на 9 мај за време на неговата посета на Москва по повод Денот на победата, кој ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Тој потсети и на својата последна средба со Путин на крајот на 2021 година, неколку недели пред почетокот на конфликтот меѓу Москва и Киев.

„Откако го напуштив кабинетот на Путин, јавно кажав дека очекувам многу тешки времиња… Никој не ми веруваше“, изјави Вучиќ, додавајќи дека тогаш знаел дека Путин донел важна одлука, бидејќи разговорот беше краток и темата за постсоветските републики беше завршена за само 45 секунди.

Во април 2022 година, австрискиот канцелар Нехамер имаше лични разговори со Путин за конфликтот во Украина, но потоа нагласи дека не била пријателска посета. Орбан ја посети Русија во јули 2024 година, промовирајќи мировна мисија. Разговорите на Фицо со Путин во декември се фокусирале на одбивањето на Украина да го продолжи договорот за транзит на гас, што е клучно за Словачка, која е многу зависна од руската енергија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, имал разговори со Путин во обид да го реши конфликтот во Украина.

Continue Reading

Свет

Наскоро прекин на војната? Ќе се бара само едно нешто, ова е најважниот услов за целосен прекин на огнот

Published

on

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, денес изјави дека конфликтот во Украина е на прагот на прекин на огнот, но дека двете страни мора да постигнат договор.

„Верувам дека тоа можеме да го постигнеме. Искрено верувам дека сме на прагот на прекин на огнот, но двете страни ќе мора да постигнат некаков вид на договор. Ниту една страна нема да добие сè што сака“, изјави тој за Фокс Њуз.

Келог истакна дека Трамп е „вознемирен“ поради дејствијата на двете страни, но дека САД имаат намера да побараат целосен прекин на огнот.

„Ние сакаме сеопфатен прекин на огнот од 30 дена. Кога тоа ќе се постигне, ќе биде многу тешко повторно да започне војната. Тоа е она во што верувам. И треба да добиеме листа на услови, што јас би го нарекол список на услови. Тоа го сакаат Русите. Тоа го сакаат Украинците“, додаде Келог.

Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин разговараше телефоноски со Трамп, при што рускиот лидер позитивно одговори на идејата страните во конфликтот во Украина да се воздржат од напади врз енергетската инфраструктура на спротивната страна за време на 30-дневен период и и даде на војската соодветни инструкции.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така го прифати овој предлог, но од тогаш, двете страни извршија напади врз енергетските објекти на противникот.

Continue Reading

Балкан

Се урна таван во босанска градинка, три деца итно пренесени во болница

Published

on

Во градинка во босанското место Козарска Дубица денеска се урнал таванот, но за среќа ниту едно од децата кои биле таму не е тешко повредено, јавија локалните медиуми.
Три деца се веднаш пренесени во болница, но набрзо биле пуштени дома бидејќи немале потешки повреди. Објектот е затворен и престанува со работа, соопштија властите на Република Српска.

Локалната новинарка Јелена Пралица, која ја објави снимката од градинката, ја придружува објавата со коментар дека зградата на општината неодамна била реновирана додека никој не се грижи за условите во кои престојуваат децата.

Градоначалникот на Козарска Дубица Саваковиќ рече дека најважно му е никој да не е повреден, а сега чека да се утврдат фактите, по што поправките ќе се финансираат од општинскиот буџет.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк