По пандемијата, пристигнува нова закана за 150 милиони луѓе

Најроби – Светска банка предвидува дека оваа година бројот на екстремно сиромашни во светот може да се зголеми за зачудувачки 150 милиони луѓе.

Кенискиот лекар Феликс Ндонгаи зборуваше за тоа колку мајки очајуваат, затоа што немаат што да ги хранат своите деца поради губење на работното место.

Во Кенија, повеќе од две третини од населението се вработени во т.н. неформален сектор. Ова значи дека тие немаат постојана работа, но работат од време на време. Но, повеќето работни места исчезнаа поради мерките за затворање. Скоро нема финансиски резерви, а Кенија е една од економски постабилните земји на африканскиот континент. Во другите земји ситуацијата е уште полоша, пишува Дојче веле.

Светска банка предвидува дека оваа година бројот на екстремно сиромашни во светот може да се зголеми за 150 милиони, од кои над половина се деца.

Само во една клиника на периферијата на Најроби, еден лекар дијагностицира неухранетост кај дваесетина мали деца месечно, под нормални услови. Сега тој број е многу поголем, пренесува Јутарњи лист.