„Бисер балкански“ EЧИ ВО ABCTPAЛИЈА: Лyдa пpocлава на триумфот за инфapkт нa Пpecтон лajoнс

Македонците во Австралија, посебно навивачите на Престон лајонс, минатиов викенд имаа причини за славење благодарејќи на фудбалерите на истоимениот клуб, кој славеше со 2:1 над Мелбурн Сити на стартот од Премиер лигата на австралиската држава Викторија, второ натпреварување по ранг на петтиот континент.

Клубот некогаш познат како Престон Македонија, основан во 1947 година и најпопуларен кај македонската заедница во Австралија, победи по пресврт, откако гостите поведоа во првиот дел, а победоносниот гол го постигна Скијаво во 94. минута!

Погодокот вреден триумф падна додека навивачите на „црвено-жолтите“ ја пееја „Бисер балкански“, по што завладеа лудило на трибините на стадионот на „лавовите“: