Дpaми вo Бpиceл oкoлy извeштajoт зa Maкeдoниja: 3eлените во kaвга co Бугapите – Изjaвитe нa Kapaкaчанoв и 3axapиeвa ce нajдoa вo извeштajот

„Скандалозни корекции во однос на Бугарија во Годишниот извештај за напредокот на Македонија“, е насловот со кој редакцијата на бугарската информативна агенција „БГНЕС“ ја објавува информацијата за најавените амандмани на редовниот извештај кои ќе се најдат на дневен ред во Европскиот парламент на 24 и 25 март.

Како што јавува „БГНЕС“, во последен момент парламентарните групи на Социјалистите и на Зелените предложиле корекции на Извештајот за Македонија. Според репортерот на „БГНЕС“, амандманите се со исклучително неизбалансирана, еднострана и неправедна содржина кон Бугарија.

– Со предложените корекции се обвинуваат членови на бугарската влада за провокативни изјави во однос на историски прашања кои ја засегаат Македонија и во таа насока се повикуваат бугарските власти да се воздржат од такво однесување за време на предизборната кампања во Бугарија. Текстот како да е напишан по порачка на властите во Скопје. Во него дури се потенцира ‘зрелиот и балансиран одговор на бугарските провокации од страна на македонската влада, пишува „БГНЕС“.

Оттаму најавуваат дека ќе побараат за ова да се изјасни и известителот за Македонија во ЕП, Илхан Ќучук, како и другите претставници на политичките партии од Бугарија во Европскиот парламент.

Иако се само од консултативен карактер, извештаите на ЕП за напредокот на земјите кандидатки се јасен израз на расположението на политичките сили во Европарламентот, заклучува „БГНЕС“