Connect with us

Инфо +

И македонските пoлицајци ќе се вakцинираат во Србија

Published

on

Независниот синдикат на полицијата на својата страница на фејсбук објави дека во соработка со збратимените синдикати од Република Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП.

Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе Ве известиме, велат од Независниот синдикат на полицијата.

Денеска, во организација на македонската асоцијација на новинари МАН и Здруженето на новинарите на Србија (УНС) 100 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа против ковид-19 во Врање, Србија со „Астра Зенека“.

Свет

Руте: НАТО останува силен, САД ќе останат дел од Алијансата

Published

on

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција пред дводневниот Самит на министрите за одбрана истакна дека е убеден дека Алијансата ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од сојузот.

– САД повеќепати го потврдија членот 5 од Вашингтонскиот договор, но јасно кажаа дека очекуваат од сојузниците повеќе да трошат на одбраната. Тоа треба да го направиме поради заканите од Русија и од Кина, наведе Руте.

Администрацијата на Трамп повеќепати  ги повика европските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) – повеќе од двојно од сегашната цел на НАТО од минимум два проценти од БДП.

Руте навести дека одлуката за зголемување на трошоците за одбрана најверојатно ќе биде донесена на следниот Самит на НАТО во јуни.

Министрите за надворешни работи на НАТО утре и в петок во Брисел ќе разговараат за зајакнување на одбранбените способности на Алијансата.

– Живееме во опасен свет, НАТО мора да биде посилен, поправеден и поспособен за смртоносни напади, посочи Руте.

Тој ги поздрави напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина.

– Ги поддржувам напорите на САД за праведен и траен крај на војната. Војната мора да заврши на таков начин што (рускиот претседател Владимир) Путин никогаш повеќе нема да се обиде да заземе педа од Украина или дел од територијата на НАТО, потенцира Руте.

Тој претходно најави дека сојузниците на НАТО за 2025 година ветиле безбедносна помош за Украина во висина од над 20 милијарди евра, а Командата на Алијансата во германскиот град Визбаден ќе продолжи да ја координира воената помош за Украина и обуката на украинските војници. 

Continue Reading

Свет

Украинците претрпеле тешки загуби, објавени црни бројки: Загубите во оваа војна се застрашувачки

Published

on

Украинската војска, судејќи по податоците кои ги објавило руското Министерство за одбрана, од јануари до крајот на март оваа година изгубила 138.000 војници.

Претходно, началникот на главната управа на рускиот Генералштаб, Сергеј Рудској, изјавил дека украинската војска во текот на 2024. година изгубила вкупно 590.000 војници, како и дека вкупниот број на загинати од почетокот на Специјалната воена операција веќе го преминал милионот.

Неколку недели претходно, Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека Русија изгубила 903.480 војници од почетокот на инвазијата на Украина.

Според податоците од генералштабот на украинската армија, украинските сили од почетокот на војната уништиле повеќе од 10,412 тенкови.

Украинските сили од почетокот на војната собориле 30.495 беспилотни летала.

Украинците исто така потврдија дека уништиле 3121 крстаречка ракета но и повеќе од 25.000 артилериски системи, 28 воени бродови, 1 подморница, повеќе од 41.000 возила и резервоари за гориво, 1116 против-воздушни системи, но и разновидна специјална опрема.

Continue Reading

Европа

Огромна воена помош за Украина во најтешките времиња: Никој не го очекуваше ова

Published

on

Шведска денеска најави одобрување на нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,47 милијарди евра, што претставува најголемиот пакет кој оваа земја досега го испратила кон Киев.

Овој потег е дел од поширокиот план на Шведска да ја зголеми својата помош за Украина во текот на 2025 година.

Министерот за одбрана на Шведска, Пал Јонсон, изјави на прес-конференција дека најголемиот дел од пакетот, односно 850 милиони евра, ќе биде насочен кон набавка на воена опрема од Шведската управа за одбранбен материјал.

Шведската влада исто така соопшти дека ќе се зголеми вкупната воена помош за Украина за оваа година од претходно предвидените 2,3 милијарди евра на 3,7 милијарди евра, со што дополнително ќе се зголеми поддршката за Украина во нејзината борба.

Овој нов пакет помош доаѓа во време кога Украина се соочува со големи предизвици на фронтот, а Шведска, како член на Европската унија, продолжува да игра клучна улога во поддршката на Украина во нејзините напори за одбрана од руската агресија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк