Connect with us

Инфо +

Две недели се бори за својот живот – возач на брза помош спасуваше животи , сега е ред нему да му се помогне

Published

on

Ковид-19 коси секаде, но колку е страшен вирусот знае поширокото семејство на Гоце Илиески од Прилеп, возач во Брза помош, кој 12 години брза да помага на други, но дојде денот кога хуманите луѓе треба да му возвратат. Дали Гоце ќе ја загуби битката со болеста или ќе има среќа на неговите 42 години повторно да застане на нозе и да спасува животи, зависи и од доброто срце на луѓето, кои се молат да донираат средства, за да може тој да го плати лекувањето во „Систина“. ММС разговараше со негови колеги и роднини и сите се со споени раце, со молба за помош до сите познати и непознати за спас на овој млад живот.

-Има само 42 години, наш возач во Брза помош долги години, над 12 години.  Со Ковид- 19 се зарази тука, на работното место. Ние во Брза помош веќе половината го имаме поминато Ковид-19, кој полесно, кој потешко, но ете Гоце многу заглави. Во моментов е во тешка состојба во „Систина“ на респиратор. Еден болнички ден му е 2.250  евра. Сите собираме и сите ги молиме да помогнат, вели доктор Гордана Николовска – Димеска од прилепската Брза помош.

Балкан

Инцидент во Егејско Море: Турски брод пукал кон грчка гранична стража

Published

on

Турски рибарски брод, управуван од криумчари на луѓе, утрово отворил оган врз брод на грчката крајбрежна стража кај островот Лезбос, објави грчката телевизија Скај.

Инцидентот се случил околу 8 часот во грчките територијални води. Грчките граничари се обиделе да извршат проверка на рибарскиот брод, но неговиот екипаж отворил оган со тешко оружје. Грчкиот брод возвратил, по што пловилото се повлекло во турски територијални води.

Според грчките власти, на бродот имало четворица криумчари кои претходно симнале 25 мигранти на брегот на Лезбос. Пограничниот брод го следел рибарскиот брод до турската граница и ја известил турската страна, по што тие ги сопреле сторителите.

На грчкиот брод се забележани оштетувања од стрелбата, но не се пријавени повредени

Continue Reading

Свет

Трамп ја фрли новата бомба во царинската војна: Ослободи само еден вид на уреди од реципрочна царина!

Published

on

Ова е е последната информација од серијата објавени откако на претседателската функција во САД застана Доналд Трамп.

Електронските уреди ( телефоните, компјутерите, чипови ) увезени во САД ќе бидат ослободени од реципрочните царински стапки што ги постави американскиот претседател Доналд Трамп на остатокот од светот и посебно за Кина, се наведува во ново упатство издадено од американската Царина и граничната заштита (ЦБП), пренесе Си Ен Ен.

Ова е последната информација од серијата објавени за царините, откако на претседателската функција во САД застана Доналд Трамп од која најверојатно корист ќе имаат „Епл“ и „Самсунг“.

Според документот, како изземени од мерката се наведени компјутери, лаптопи, полупроводници, соларни ќелии, телевизиски екрани, флеш драјвови, мемориски картички и разни видови компоненти, паметни телефони, лаптопи, хард дискови и компјутерски процесори и мемориски чипови, односно производи кои најчесто не се произведуваат во САД. Производите кои нема да подлежат на новите тарифи на Трамп вклучуваат и машини што се користат за производство на полупроводници.

Дека Трамп размислува за исклучоци од основните царини од 10% објави и Блумберг кој се повикува на изјава во која американскиот претседател вели дека би можел да размисли за исклучоци од царините од 10% за стоки од повеќето земји со кои САД имаат трговски односи, но, нагласи дека ова е „речиси минимална тарифа“ за земјите кои сакаат да преговараат за трговски договори.

-Постои можност за некои исклучоци од очигледни причини, но би рекол 10% е минималната тарифа – изјави  Трамп на летот за Флорида.

Тој не прецизираше кои се „очигледните причини“.

Да потсетиме, Доналд Трамп предизвика вистински светски економски земјотрес кога најави воведување „реципрочни“ царини за речиси сите земји во светот, за неколку дена подоцна да ја одложи примената на оваа мерка за 3 месеци, освен за Кина, на која воведе царини од 145%.

Continue Reading

Свет

ГЕРМАНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ВОЕН РОК: ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ОВАА ОДЛУКА?

Published

on

Германија планира да воведе нов модел на доброволен воен рок подоцна оваа година, а првичните чекори вклучуваат повторно воспоставување на воена регистрација и процедури за следење, изјави министерот за одбрана Борис Писториус.

„Штом законодавниот процес биде завршен, можеме да почнеме со прием и обука на првите регрути“, изјави Писториус за ДПА, додавајќи дека се очекува околу 5.000 нови војници да се приклучат во првата година.

Социјалдемократскиот политичар рече дека основата е поставена во последните месеци, што ќе овозможи брзо преземање на следните чекори откако ќе се формира новата влада. Коалицискиот договор меѓу Социјалдемократите (СПД) и конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ предвидува воведување нов модел на воена служба, првично на доброволна основа.

„Претпоставуваме дека атрактивен модел на служба ќе привлече доволно доброволци“, рече Писториус, кој се очекува да остане на функцијата.
„Ако во одреден момент тоа не биде случај, ќе треба да се донесе одлука дали да се воведе задолжителна регрутација за млади мажи“.

Германија ја суспендираше задолжителната воена и цивилна служба во 2011 година по 55 години, укинувајќи ги сите релевантни структури. Сепак, законот што дозволува регрутација за мажи останува на сила и може да се активира во случај на вонредна состојба во земјата.

Писториус изјави дека целта е новиот модел на воена служба да започне во текот на годината. СПД и ЦДУ/ЦСУ се согласуваат за потребата од проширување на германската војска, Бундесверот – не само постојаните сили од околу 180.000 мажи и жени, туку и резервите.

Сепак, тој предупреди дека Бундесверот веќе ги нема капацитетите што ги имаше пред 30 години, наведувајќи недостиг на кревети, касарни, инструктори и опрема.

Писториус го гледа коалицискиот договор како шанса за забрзување на проектите за набавка во одбраната и инфраструктурата, укажувајќи на плановите за поедноставување на дозволите за воена градба и намалување на бирократските пречки за војската. Тој нагласи дека приоритет на воените инфраструктурни проекти е од суштинско значење за зајакнување на националната безбедност и одбранбените способности.

Тој, исто така, ги истакна заедничките европски напори за зајакнување на домашното одбранбено производство и развој како клучни за подобрување на воената подготвеност и поддршка на локалната индустрија.

Иако ја отфрли можноста за целосна независност од САД во следната деценија, Писториус ја потврди посветеноста на Германија кон НАТО и трансатлантската алијанса, велејќи дека европските сојузници треба да се стремат кон поголема самостојност во одбранбените прашања.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк