Марија Шерифовиќ ги напушта „Ѕвездите на Гранд“? Пејачката во „војна“ со Поповиќ и рекол дека е машко

По скандалот во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ и навредите, Марија Шерифовиќ наводно му кажала на Саша Поповиќ дека ќе го раскине договорот и дека од следната сезона не сака да биде во жирито.

„Саша прави шоу, тој е доктор за гледаност, знае кој кога треба да поткачи, но знае и да претера. Марија се навреди, мисли дека не е во ред пред милионскиот аудиториум да ја прозива поради нејзината сексуалност“, вели извор за Информер.

Се започнало кога Саша Поповиќ кажал на Марија да не и даваат цвеќе.

„Марија е машко, на неа не и треба“, изјавил Поповиќ додека делеле ружи во студиото на Гранд.

„Не с*ри Поповиќ“, одговорила Шерифовиќ.

„Ти си ѓубре и невоспитан човек. Ти си пе*ер“ викала Марија.

Иако сите мислеле дека станува збор за шега, по завршените снимања Марија бесна го напуштила студиото заканувајќи се дека нема да зборува со него додека не и се извини пред сите.