Connect with us

Инфо +

Петнаесет илјади чуми да ве фатат: Апасиев до Филипче и Владата

Published

on

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во негов стил во последната објава на Фејсбук остро ја критикува Владата и министерот за здравство, Венко Филипче бидејќи, како што пишува, одбиваат да воведат регулирани цени во приватните болници, во кои би можеле да се лекуваат пациентите болни од корона вирусот без да чекаат со часови да биде уплатен депозит од повеќе илјади евра.

во продолжение целиот ФБ статус

Година и кусур после епидемија, при прогласена кризна состојба на целата територија на Републиката, сред најсмртоносниот трет бран на вирусот – Владата (штитејќи нечии бизнис-интереси) упорно одбива да воведе РЕГУЛИРАНИ ЦЕНИ на приватните болници, со цел намалување на екстрапрофитите во услови на здравствена криза!? Па така, имате сцени кога полумртви, дехидрирани и исцрпени наши сограѓани, кои со висока температура, гушење и јаки симптоми на ковид не биле примени на државните клиники – буквално чекаат во кола, на паркингот пред приватните болници, додека нивните роднини не покажат 15.000 ЕУР депозит на сметка! Петнаесет илјади чуми да ве фатат, багро една корумпирана ратно-профитерска.?p.s. И ова, Филипче го вика организиран „здравствен систем“!?

Балкан

– Заработувам 2.400 евра месечно, отидов во банка да видам колку кредит ќе ми дозволат, тие ме одбија – вели еден Хрват.

Published

on

На коцкарите не им е дозволен кредит во банките во Хрватска

Доколку повремено се обложувате на победа на вашиот омилен клуб преку онлајн обложувалници или спин рулет, а плаќате преку картичка, голема е веројатноста банката да ве одбие доколку аплицирате за заем во нивната филијала.

Со оглед на тоа што обложувалниците заработуваат двојно повеќе од пред четири години, се чини дека поради оваа причина ќе се зголеми и бројот на одбивања на кредитоприматели,  пренесува Блиц.рс.

Continue Reading

Свет

Папата го имаше своето прво појавување во јавноста откако боледуваше од пневмонија

Published

on

Папата Франциско го имаше своето прво официјално појавување во јавноста пред голема толпа откако боледуваше од пневмонија. 88-годишниот поглавар на Римокатоличката црква помина пет недели на лекување во римската болница Гемели, откако страдаше од билатерална пневмонија. И покрај неодамнешниот престој во болница, за време на кој неколку пати беше во „критична состојба“, папата Франциско беше виден како во инвалидска количка се спушта по рампата на плоштадот Свети Петар во Ватикан. За време на неговото прво вистинско јавно појавување, откако го продолжи закрепнувањето надвор од болницата, папата упати кратка порака од бината.

Толпата собрана на плоштадот Свети Петар му приреди громогласен пречек на папата при неговото прво официјално појавување во јавноста. Папата носеше цевка за кислород за да добие дополнителен кислород за време на неделниот настан пред приврзаниците и ватиканските кардинали.

Тој беше пуштен од болница на 22 март, кога накратко се појави на балконот од болницата и им мавташе на насобраните верници покажувајќи ја својата желба што поскоро да се врати на обврските. Папата Франциско долго време се бори со респираторни проблеми – дури и како млад човек му беше отстранет дел од едното белодробно крило.

Continue Reading

Свет

(ВИДЕО) Израел тврдеше биле сомнителни, но нова снимка сугерира на ликвидација на 15 спасувачи

Published

on

Снимката ја објави Црвената полумесечина. Спротивно од досегашните тврдења на Израел дека конвојот од амбулантни возила се движел без вклучени ротации и светла што за војниците било сомнително и повод за напад, на видеото се гледа дека возилата се со вклучени ротации и други светлосни уреди

Во моментот кога амбулантните возила застануваат за да помогнат на друго возило запрено до патот, почнуваат истрели. Телата на 14 убиени веќе беа пронајдени во масовна гробница. Осум се идентификувани како припадници на Црвената полумесечина, петмина се припадници на цивилната одбрана, а еден е вработен во агенција на Обединетите нации. По едно лице се уште се трага

Поголемите светски медиуми денеска ја реобјавија снимката која ја сподели Црвената полумесечина, а во која се гледа начинот на кој биле нападнати вкупно 15 припадници на спасувачки служби во близина на Рафа, Газа. Видеото било најдено на телефонот на еден од убиените и се објавува околу две недели по настанот.

Во првата минута од видеото може да се види како амбулантните возила се движат во конвој. Ноќе е, а тие имаат вклучени светла, вклучително и ротациски светла со кои јасно се идентификуваат дека се спасувачки и служби за Итна помош. Во еден момент забележуваат возило излетано од патот, застануваат и персоналот од амбулантите се упатува кон излетаното возило. Во тој момент, почнуваат рафални истрели од огнено оружје.

По настанот, телата на вкупно 14 лица од конвојот беа најдени во масовна гробница. По едно лице и натаму се трага. Израел, до овој момент, тврдеше дека војниците реагирале затоа што дел од возилата се движеле сомнително, без светла. Уште кога се случи настанот, Израел наиде на силна осуда од странство.

Нападот на конвојот, од кој сега има и видео-материјал, е најголемиот напад на спасувачки служби од страна на Израел. Настанот доаѓа откако на 18 март Израел ги обнови нападите во Газа. Оттогаш ја блокира хуманитарната помош наменета за енклавата, со цел да го принудат Хамас да ги прифати новите услови за продолжување на примирјето, наместо да се продолжи кон втората фаза.

Обединетите нации и други групи за помош го обвинуваат Израел дека го крши меѓународното право со блокирањето на хуманитарната помош за Газа и употребата на гладот како оружје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк