Connect with us

Инфо +

Беќаровски: Прашање на денови е кога смртта од Ковид-19 ќе завладее по улиците, болниците се преполни

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил се осврна на состојбата со заболени од Ковид-19, предупредувајќи дека ако вака продолжи, луѓе ќе ни умираат по улица, бидејќи болничките кревети се пополнети.

„Бројката на починати европејци од Ковид-19, ја надмина магичната бројка од 1.000.000, со што се потврди дека Европа е најзасегната од оваа пандемија.

Дали белата раса е позасегната од вирусот, дали староста на населението, дали густината на населението и уште многу други ДАЛИ ќе се поставуваат, но факт е дека секој 600-ти Европеец ја загуби битката со невидливиот ѕвер.

За жал иако општествено сме многу, многу далеку од Европа и ЕУ, сепак географски сме и ние во големата европска ковид каша. Од вчера започна да се полни со ковид пациенти и УК пластична и реконструктивна хирургија. Инфективно, кожно, очно, ушно, ТБЦ, Трауматологија и сите интерни клиники веќе подолг период се ковид одделенија.

Целиот клинички центар стана еден голем ковид стационар, кој полека но сигурно ги пополнува и последните слободни легла.

Секој ден починуваат дваесетина наши граѓани, сега засега во болниците, но прашање на денови кога смртта ќе завладее по улиците. Секој 500-ти граѓанин на Македонија не е повеќе меѓу нас како резултат на вирусот. Замислете дека од картата на МК е збришана една цела Македонска Каменица, или еден Демир Хисар, или едно Пехчево или Македонски Брод, итн.

Вакцини нема и уште долго масовна вакцинација ќе нема. А вирусот станува се позаразен, повеќе не разликува млад од стар. Колку тој станува поопасен, толку сме ние понеодговорни.

Март 2020 на 25 дена умираше еден, а ние почитувавме мерки 100%, март 2021 секој ден умираат 25, а ние почитуваме мерки 0%.

Во маркетите повеќе не се води сметка за растојание, број на муштерии, дезинфициенси, угостителските објекти се полни во затворениот дел, а празни во отворениот, за банките, автобусите, фабриките подобро да не спомнувам.

Зарем навистина имаме толку изразен нагон на самоуништување. Ако владата решила по секоја цена да прави попис, ако градоначалниците трчаат да продадат уште некоја градежна маркица, зарем и ние самите дигнавме раце од себе.

Нагонот за живот е еден од најаките човечки нагони, или тоа не важи за македонецот. Зошто се предадовме ?? Зошто со својата неодговорност, ги загрозуваме и одговорните ?? Каде исчезна солидарноста, почитта кон комшијата ??

Ако Вие сте уморни од придржување кон толку едноставни мерки, ние сме претепани од безуспешни обиди за лечење на последиците од Вашата неодговорност.

Во март 2021 највисок чин на патриотизам е придржување кон сите протоколи,“ напиша Беќаровски.

Advertisement

Свет

260 животи загубени – Индија испраќа тим во САД да открие што се случило

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.

Continue Reading

Свет

Чернобил е сериозно оштетен – контролата над радиоактивното зрачење е изгубена

Заштитната структура на напуштената нуклеарна централа во Чернобил, изградена за да спречи ширење на радиоактивен материјал, повеќе не ја извршува својата клучна безбедносна функција по нападот со беспилотни летала од февруари годинава, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Според извештајот, инспекцискиот тим на МААЕ минатата недела потврдил дека дел од конструкцијата на т.н. саркофаг се урнал како последица од нападот, со што структурата ги загубила своите „примарни заштитни функции“ – меѓу кои и задржувањето на радиоактивните честички.

И покрај тоа, не е регистрирано трајно оштетување на носечката конструкција и на контролниот систем, наведува агенцијата.

Раководителот на МААЕ, Рафаел Гроси, соопшти дека биле извршени привремени поправки на покривот, но истакна дека е неопходна целосна реконструкција за да се спречи понатамошно влошување на состојбата и да се гарантира долгорочна нуклеарна безбедност.

МААЕ препорачува дополнителни заштитни мерки, реставрација на оштетените делови и ажурирање на системите за следење на корозија и влага, како и надградување на програмите за континуирано мониторирање.

Нападот на 14 февруари, кога дрон ја проби надворешната обвивка и предизвика пожар, Украина го припиша на Русија, додека Москва ги негираше обвинувањата.

Сегашната заштитна конструкција околу реакторот број 4 – кој експлодираше во катастрофата од 1986 година – е поставена во 2019 година за да спречи дополнително ширење на радиоактивно зрачење. По нападот, нивото на радијација остана во нормални граници и немаше извештаи за зголемена изложеност, потврдија ОН уште во февруари.

Continue Reading

Свет

Молдавија во мрак: Руски напади врз Украина предизвикаа голем енергетски хаос

Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија „Молделектрика“ се соочува со сериозни потешкотии поради масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура, кои синоќа предизвикаа прекини и преоптоварување на системите во регионот.

Според соопштението на операторот, голема електрана била исклучена, а интерконекциите со Украина и Романија достигнале критични нивоа. Поради надминување на планираниот проток, Молдавија побара итна помош од Романија за стабилизирање на мрежата, објави „Ле Монд“.

Русија синоќа ги нападна регионите Чернихив, Запорожје, Лвов и Дњепропетровск, таргетирајќи клучни објекти од украинската енергетска мрежа. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе области – меѓу кои Киев, Лвов, Одеса, Чернигов, Запорожје, Днепропетровск и Николаев – претрпеле прекини во снабдувањето со струја.

Руското Министерство за одбрана тврди дека мета биле компании од украинскиот воено-индустриски комплекс, инфраструктура која „го поддржува неговото функционирање“, како и пристанишни објекти што се користат „во интерес на вооружените сили на Украина“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг