Connect with us

Инфо +

Ниту една казна не може да ни го надомести синот – три дена после матурата го изгубивме нашето дете

Родителите на Ангел Петковски, за чие што убиство денеска беше објавена пресудата од 13 години затвор за обвинетиот Насер Ештрефи, изјавија дека за нив како родители казната е многу мала и дека ништо не може да го надомести нивниот син. Најавија дека ќе продолжат да ја бараат правдата.

Нашата штета не може никој да ни ја надополни бидејќи Ангел беше првото внуче на мојот татко во куќата, и тој го носеше името на својот дедо. Во нашата православна вера Ангел значи многу нешта, тоа е свето име, изјави таткото на Ангел, Сашо Петковски, кој воедно беше и сведок во случајот со убиството на неговиот син.

Петковски дополни дека и доживотно да го осудат обвинетиот, тоа не може да го надополни нивниот Ангел, кој им бил повреден од целата земјина топка.

Затоа што тоа дете беше воспитувано, заврши медицина четврта година, му направивме матура, три дена после матурата го изгубивме нашето дете кое беше за пример. Во Ѓорче Петров и ден денеска го бараат неговите другари, а ние деноноќно уште сме во кошмари и го бараме и се надеваме дека еден ден ќе ни се врати, но не е возможно, дополни Петковски.

Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи од скопското село Грчец.

Судот денеска му одреди казна затвор од 13 години на обвинетиот Насер Ештрефи, со тоа што во казната затвор се пресметува и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор и секое лишување од слобода, а кое изнесува нецели седум години.

Случајот го водеше судијката Диана Груевска-Илиевска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Балкан

Драматичен момент во Брисел: Урсула го прекина Вучиќ пред медиумите

На официјалниот влез на Европската комисија во Брисел се случи кратка, но забележлива сцена меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Според снимките, Вучиќ ѝ соопштил дека штотуку добил порака од Москва, на што Урсула, со воздржана насмевка, му одговорила дека треба да се тргнат од камерите пред да продолжат разговорот.

Снимката брзо се прошири низ европските медиуми и на социјалните платформи, предизвикувајќи големо внимание во дипломатските кругови. Настанот се случува во момент кога ЕУ повторно ја разгледува европската перспектива на Западен Балкан, а Србија се соочува со притисок да ја намали зависноста од Русија.

Ниту Белград ниту Брисел досега не објавија официјално соопштение за овој инцидент.

Пред посетата на Брисел, Вучиќ истакна дека ќе се залага за заедничко членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, што предизвика различни реакции во регионот. Црногорскиот премиер ја потврди целта Црна Гора да се приклучи на Унијата до 2028 година, додека хрватските медиуми оценија дека иницијативата е охрабрувачка, но засега нереалистична.

Continue Reading

Европа

Сè што треба да знаете за промените на границата со Унгарија пред вашето патување

За сите патници кои планираат патување кон Унгарија, граничниот премин Бачки Виногради – Ашоталом добива значително продолжено работно време, токму навреме за претстојните новогодишни и божиќни празници.

Постигнат е клучен договор помеѓу Управата за гранична полиција при нашето МВР и унгарските гранични власти, со цел да се олесни патничкиот метеж во претстојниот празничен период.

Преминот сега ќе биде отворен од 7:00 до 22:00 часот. Претходно, преминот работеше само до 19:00 часот. Оваа промена стапува на сила веднаш, од 10 декември и ќе трае до 11 јануари.

Овој граничен премин е етаблиран исклучиво за патнички сообраќај, што значи дека ова олеснување директно ги засега сите што патуваат со своите возила. (Забелешка: Автобускиот и товарниот сообраќај остануваат исклучени).

Во време кога се очекува експоненцијален пораст на бројот на патници, а времето на чекање на границите е дополнително продолжено поради воведувањето на новиот EES систем, овие дополнителни три часа работа можат да значат значително скратување на долгите колони и мачните чекања за сите кои се упатуваат кон Унгарија во наредниот месец.

Continue Reading

Балкан

Човек држен две години во заложништво без струја и вода во приколка во Горски Котар

По две години терор, полицијата конечно им стави крај на двајца осомничени кои експлоатирале 42-годишен хрватски државјанин.

Осомничените се приведени под сомнение дека, користејќи закани, измами и психолошка манипулација, го довеле несреќниот маж во подредена положба на апсолутна зависност.

Жртвата била држена во нехумани услови и систематски злоупотребувана. Не само што бил принудуван да врши тешка физичка работа БЕЗ НИКАКОВ НАДОМЕСТ, туку експлоататорите оделе дотаму што целосно му го присвојувале имотот, претворајќи го неговиот живот во вистински пекол.

Оваа сурова приказна за злоупотреба и трудова експлоатација во срцето на Хрватска предизвика шок во јавноста. Полициската истрага продолжува со цел да се расветлат сите детали од ова стравично дело.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг