Connect with us

Инфо +

Три дена бев блиску до смртта, лекарите се нашите херои!

Македонскиот олимписки шампион во борење Шабан Трстена откако беше позитивен на коронавирус денеска им се заблагодари на докторите и медицинскиот персонал со апел за нивно наградување.

Драги мои, пријатели,добро утро Вог нека е со нас, браќа и сестри, спортисти, професори, уметници, писатели, новинари, студенти и сите мои сограѓани. Се што можам да ви кажам е следно: Имам една замолница, да апелирам до нашиот премиер Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Град Скопје, Петар Шилегов и до сите лидери на политичките партии. Јас сум спортист на 20-от век во нашата држава Македонија, а веќе поминувам 15 дена во борба против еден невидлив непријател наречен Ковид 19. Се уште се лекувам во болница и искрено со свои очи ги гледам овие херои облечени во бело. Некои од тие доктори го загубија и својот живот, а сите други продолжуваат да си го ризикуваат животот за да го спасуваат животот на другите од проклетиот коронавирус. Вака овие три последни денови, јас, односно мојата душа, беше непосредно блиску со смртта, од непредвидливиот непријател Ковид-19. Почитувани добри луѓе, ви се колнам во името на БОГА, немојте да мислите дека јас како голем спортист и шампион го совладав овој голем непријател, не, никако, тоа не е точно. Јас небев никој пред проклетиот вирус без сила и надеж.Му благодарам само на БОГ, дека тоа било пишано што денес што сум жив и дека од денес се чувствувам многу подобро. Секако дека благодарноста од се срце им оди на моите лекари и нивниот персонал, хероите, кои ми помогнаа и се грижеа 24 часа секој ден и секоја ноќ. Ви благодарам од се срце и на сите пријатели од цел свет за убавите зборови и молитви и големиот БОГ што ги слушна вашите молитви за мојата болест. Амин. Чудно ми е, како тие имат големо срце, влегуват од соба во соба, одат од човек до човек, се жртвуваат себеси со заразната болест од коронавирусот, своите најблиски, само да не лекуваат нас. Овие херои заборавија дека имаат свои деца и заборават дека имаат одмор, дека треба да јадат и да спијат навреме. Ако некој треба да биде прогласен за херој во оваа борба против непријателот коронавирусот, без сомнение тоа треба да биде целиот болнички персонал, почнувајќи од лекарите, медицинските сестри и целиот персонал кој е на фронтот против невидливиот непријател, што го нарушува животот во целата планета. Дури и на Балканскиот полуостров, во мојата татковина земја Македонија, и јас бев прилично тешко погоден од овој непријател, кој напаѓа без оглед на која вера и припаѓате или од која нација сме. Јас немам повеќе зборови за да ја опишам честа што ми ја прават овие херои, лекарите. Тие се грижат не само за мене, туку исто така и за секој пациент се грижат подеднакво. Во мое име како олимписки шампион, како една личност, како спортист што сум патувал и го видел секој дел на светот, како спортист и достоен верник на Бога со раката на срце, со мојата гордост, спортски дух, им велам: Ви благодарам, бидете благословени и ви посакувам, ГОСПОД да Ве чува и да Ве награди за непрекината работа и жртвување што ја правите за нашиот народ во оваа земја, Македонија. Јас толку имав, ви ја кажав реалноста што ја видов, ја доживеав и ја почувствува мојата болна душа. Значи, почитуван премиер Заев, почитувани министри и вие, драги мои сограѓани, оваа моја официјална објава, не ја правам за некој функционер, некој друг или лично за мене. Јас како спортист со големи заслуги, ги добив сите светски големи награди и домашни признанија, ова го кажувам со искреност и од срце за нашите херои кои својата работа ја прават максимално посветено да ги спасат животите на нашите семејства, мајки, татковци, браќа, сестри и деца. Да, тие и за мене го прават тоа, бидејќи во моментот се уште сум во болница.Сите није што сме во креветите во болниците, Господ да не заштити и зајакне, и оние што починаа засекогаш, нека Бог ги смилува и нивните души нека бидат во рајот.Ја користам можноста и моментот уште еднаш да апелирам до премиерот и целиот државен апарат, дека овие големи херои облечени во бело треба да им дадеме мотовација и бидат наградени, украсени со највисоки државни почести. Ова ќе се запишува и ќе ја кажува историјата низ вековите. Ова ќе биде меѓународна гордост на нашата мала земја, но од големо срце што знае да ги цени и наградува големите херои, во овој случај лекарите. Бог да го благослови нашиот народ. Со почит, срдечни поздрави од вашиот олимписки шампион – напиша борачот.

Драги мои, пријатели,добро утро Вог нека е со нас, браќа и сестри, спортисти, професори, уметници, писатели, новинари,…

Posted by Shaban Trstena on Friday, March 26, 2021

Advertisement

Балкан

Бања Лука ги заострува чекорите против загадувањето: новогодишните празници без огномет

Поради алармантното загадување на воздухот, градските власти во Бања Лука најавија нов сет поригорозни мерки, меѓу кои и одлуката годинава да нема новогодишен огномет. Градоначалникот Драшко Станивуковиќ изјави дека ваквата одлука е донесена по консултации со стручни лица и дека сериозноста на состојбата бара решенија какви што досега не биле применети.

Како една од клучните мерки, Станивуковиќ го најави задолжителното поставување филтри на оџаците на сите индивидуални и колективни камини, кои во зимскиот период се меѓу најголемите извори на загадување. По утврдување на конечната цена, градот ќе разгледа можност за субвенционирање, со цел да се олесни имплементацијата на оваа обврска.

Покрај укинувањето на пиротехниката за време на празниците, градоначалникот апелираше и до граѓаните да се воздржат од индивидуална употреба на огномети и петарди. Воедно, најавено е воведување електрични автобуси, зголемување на субвенциите за јавен превоз и заострување на техничките прегледи на моторните возила, со цел да се намали сообраќајното загадување.

Градската управа ќе ги засили инспекциските контроли на сите потенцијални загадувачи, без исклучок, како и надзорот над емисиите на штетни гасови. Новиот пакет мерки ќе биде предложен на итна седница на Градското собрание.

Паралелно со тоа, Бања Лука продолжува со веќе започнатите зелени проекти, вклучувајќи изградба на зелени бариери и дрвореди, проширување на системот за централно греење, садење илјадници дрвја и развој на урбана мобилност преку велосипедски патеки, електрични велосипеди и подобрен јавен превоз.

Станивуковиќ посочи дека проблемот со загадувањето е дополнително усложнет поради географската положба на градот и нарушениот природен проток на воздух по изградбата на хидроцентралата во Бочац, но нагласи дека тоа не смее да биде изговор за неактивност.

„Чистиот воздух не е политичко, туку здравствено прашање. Бања Лука мора да стане град во кој може да се дише слободно, денес и во иднина“, порача градоначалникот, најавувајќи соработка со републичките институции за долгорочни и одржливи решенија.

Continue Reading

Свет

Делхи воведува строга еко-мерка: старите автомобили остануваат без гориво

Од 31 март 2025 година, бензинските пумпи во индискиот главен град Делхи повеќе нема да смеат да полнат гориво во возила постари од 15 години. Новата мерка е дел од засилените напори за справување со сериозното загадување на воздухот, поради кое Делхи редовно се вбројува меѓу најзагадените метрополи во светот.

Според „Индијан експрес“, бензинските станици ќе бидат опремени со системи за вештачка интелигенција кои автоматски ќе ги препознаваат возилата што не ги исполнуваат еколошките стандарди и ќе го блокираат точењето гориво. Проценките покажуваат дека ограничувањето ќе опфати околу 100.000 регистрирани возила во град со над 21,5 милиони жители.

Паралелно со оваа мерка, градските власти најавија интензивна електрификација на јавниот превоз. Во текот на следната година, планирано е дури 90 проценти од автобускиот возен парк да биде заменет со околу 8.000 електрични автобуси, наместо сегашните кои главно користат компримиран природен гас (CNG). Целта е значително намалување на емисиите и подобрување на квалитетот на воздухот.

Инаку, Делхи и досега имаше формална забрана за сообраќај на бензински возила постари од 15 години и дизел возила постари од 10 години, но таа не се применуваше строго. Претходната градска власт на партијата Аам Аадми (ААП) беше критикувана поради недоволна контрола, додека новата администрација на хинду-националистичката БЏП, која ја презеде власта во февруари, најави решителни чекори за заштита на животната средина.

Иако мерките се вклопуваат во глобалниот тренд кон почиста мобилност, тие отвораат и прашања за социјалното влијание, особено врз граѓаните кои немаат финансиска можност да заменат старо возило со поново или електрично.

Continue Reading

Свет

Двајца американски војници убиени во напад во Сирија, Пентагон најави жесток одговор

Двајца американски војници се убиени во Сирија за време на безбедносен инцидент, соопшти Пентагон. Главниот портпарол, Шон Парнел, наведе дека нападот се случил додека војниците присуствувале на состанок со клучни локални лидери во рамки на нивната мисија за поддршка на операциите против ИСИС и други антитерористички активности во регионот.

Парнел истакна дека имињата на загинатите нема да бидат јавно соопштени сè додека нивните семејства не бидат официјално известени. Според него, американските сили продолжуваат да соработуваат со локалните партнери со цел одржување на безбедноста и стабилноста.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, потврди дека напаѓачот бил неутрализиран од партнерските сили и упати остра порака до сите што би ги загрозиле американските војници. Тој порача дека секој што ќе ги таргетира Американците, каде било во светот, ќе биде пронајден и ликвидиран.

Сириската државна новинска агенција САНА објави дека нападот се случил за време на заедничка патрола на американските војници со сириските сили во централна Сирија. Инцидентот предизвикал привремено запирање на сообраќајот на автопатот меѓу Деир Езор и Дамаск, а над регионот биле забележани американски воени авиони.

Според истите извори, американски хеликоптери интервенирале веднаш по пукањето и ги евакуирале повредените во базата Ал-Танф, која се наоѓа во источна Сирија, во близина на границата со Ирак.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг