„Дoбpoдoшли“ – oгpoмнo пaнo нa бeлгpaдcкиoт caeм: Илjaдници гpaѓaни oд цел Балкан, нo и cтpaнци oд Европа oтидoa дa ce вakциниpaaт

Последните фотографии од белградскиот саем каде овој викенд се спроведува масовна вакцинација на граѓаните буквално од сите краишта на екс-Југославија покажуваат неверојатна заинтересираност за заштита од Ковид-19. Фотографиите се од редакциите на Танјуг и Блиц и на нив се гледа повеќеметарски колони од луѓе кои трпеливо чекаат да им дојде редот за имунизација.

Утринава цели колони возила чекаа за влез во Србија на граничниот премин Табановце. Слична ќе биде сликата и утре, бидејќи огромен број граѓани решија да се вакцинираат, нагласувајќи дека ова е шанса особено поради фактот што кај нас се уште не е започната масовната имунизација.

Освен од Македонија, викендов Србија им посакува добредојде и на граѓаните од Босна, Црна Гора, од Хрватска, од каде се пријавиле дури 8.000 за вакцинација, но има и странци од Холандија, Словачка, па и од Германија.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од новинската агенција Танјуг и Блиц.рс од Белградскиот саем.