Connect with us

Инфо +

Караџовски: Сѐ уште не сме го достигнале максимумот

Published

on

Круцијална е следната недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, изјави вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

– Сѐ уште не сме го достигнале максимумот. Секој респираторен вирус ја има својата активност шест до осум недели. Во моментот сме крај на шестата недела. Круцијална е седмата недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, рече Караџовски

Засега, како што истакна, проценките на Комисијата за заразни болести се дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки бидејќи со нив ништо не би се постигнало. Пример се соседните држави што воведоа карантин, но бројот на заболени не се намали.
<

Комисијата изработи протокол, јас не одлучувам дали ќе има попис или не
Караџовски посочи дека пред два и пол месеци било побарано од Комисијата за заразни болести да изработи протокол и оти со тоа завршува нивното стручно мислење.

– Во моментов, епидемилошката состојба е комплицирана, но јас не одлучувам дали ќе има попис. Ако јас одлучувам за се, јас би се викал заменик-премиер. Ние сме го дале стручното мислење преку протоколот, рече Караџовски во емисијата „Само интервју“.

Препораките во протоколот се маска, дистанца и негрупирање, а за лицата кои се позитивни, рече дека ќе се попишат кога ќе излезат од изолација.

Балкан

Силен снег и ветер го парализираа сообраќајот во делови од Хрватска

Published

on

Силниот снег во регионот на Горски котар, Лика и делови од континентална Хрватска, како Загорје, Меѓумурје и Славонија, предизвика големи проблеми во сообраќајот. На Јадранот, пак, силниот ветер турка дрвја и телефонски столбови, создавајќи дополнителни тешкотии.

Автопатот А6 Риека-Загреб е целосно затворен меѓу клучките Делница и Равна Гора во правец на Загреб, како и преку тунелот Рожман Брдо кон Риека, поради неповолни зимски услови. На автопатот А2 Загреб-Мацељ, делницата меѓу клучките Крапина и Тракошчан е блокирана во двата правци поради сообраќајна незгода.

Зимските служби се активни, но нивното работење предизвикува застои зад сервисните возила. Учесниците во сообраќајот се замолуваат за трпение.

Поради снежната покривка, сите патни правци од внатрешноста кон Јадранот – вклучувајќи ги Далмација, Риека и Истра – се недостапни за камиони со приколки и возила без зимска опрема. Истовремено, поморскиот сообраќај е во прекин, што ги вклучува и траектните линии меѓу островите и копното.

На автопатот А7 Рупа-Крижишќе и јадранската магистрала меѓу Бакр и Сењ, сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки. Слични забрани важат и на државните патишта Карловац-Ждихово и Дуга Реса-Јосипдол-Капела.

„Зимските служби беа изненадени од снегот“, пишува еден читател, кој додаде: „На патот ДЦ1 преку Лика возиме по завеани патишта, слалом меѓу возила со летни гуми.“

Состојбата останува критична, а властите апелираат на внимателност и користење соодветна зимска опрема.

Continue Reading

Македонија

НОРМАЛИЗИРАН ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ, СТУДЕНТИТЕ ПОПЛАДНЕ НА ПРОТЕСТ

Published

on

Oд утрово се нормализира автобускиот превоз во Скопје, откако синоќа во базните станици на ЈСП беше испорачана нафта за автобусите.

Вчера главниот град остана без јавен превоз поради недостиг на нафта. Возеа само 25 автобуси на гас.

За денеска во 13 часот пред бараките на Град Скопје е најавен протест организиран од градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, а во 14 часот ќе се приклучат и студентите од УКИМ.

Советот на Град Скопје вчера одржа вонредна седница поради состојбата со автобусите, при што кКоординаторите на советничките групи постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

Continue Reading

Македонија

Министерството за култура и туризам го објави конкурсот за град на културата за 2025 година

Published

on

Министерството за култура и туризам денеска го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“.

На конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во РС Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во градот Скопје.

Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk почнувајќи од 22.11.2024 г. во 14 часот, заклучно со 22.12.2024 г. во 14 часот.

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk (https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на овој национален портал за е-услуги.

Еден од приоритетите на Министерството за култура и туризам е унапредување и достапност на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините во државава.

Град на културата во 2024 година беше Крива Паланка, која во текот на целата година презентира богата програма и издржан програмски концепт, со разни жанрови и естетика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк