Не ви треба ни карта, ни маска, ни брис, ни ковид-пасош, ни ПЦР тест, само фотелја (Видео)

Почитувани прележани, непрележани и повеќекратно тестирани граѓани на Република Македонија, пред нас е најновото вонредно пандемиско издание на Златна БубаМара на популарноста. Не ви треба ни карта, ни маска, ни брис, ни ковид-пасош, ни ПЦР тест, само фотелја и добра желба. Ако сте политичар не ви треба желба, само фотелја и нов тросед”, се вели во најавата за утрешното пандемиско издание на Златна БубаМара.

Пандемиското издание на Златна БубаМара ќе се одржи утре со почеток од 20 часот на Канал 5 телевизија.