Connect with us

Инфо +

Никола oд Муртино ocвoи СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ!

Published

on

Во Видеолотарија Касинос Аустриа пристигна Никола Алачев од Муртино. Тој е среќен сопственик на 8.442.127,00 денари, откако го освои вториот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Добивката е постигната во Спортлајф во Муртино.

Никола Алачев заедно со семејството, пристигна во просториите на Видеолотарија. Видно возбуден и се’уште во неверување за големата среќа, ја раскажа својата среќна приказна. Во моментот кога видел дека ја освоил добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, возбуден го оставил добитниот ваучер кај вработениот во Спортлајф и веднаш излегол малку на воздух, да се соземе.

Никола откри дека од парите планира да си купи стан во Струмица и нов автомобил. Тие ќе му бидат убав спомен дека на 25 март 2021 година, добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Видеолотарија Касинос Аустриа го измени неговиот живот на подобро.

Добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во фантастична вредност од 8 до 12 милиони денари се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа. Првиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 10.922.768,00 денари беше освоен во Бет ту мар B2M 057 Трубарево на 15.03.2021.

Добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа. Едновремено, Државна видеолотарија информира дека популарните МИНИ И МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки, остануваат и понатаму среќна опција за нашите играчи и тоа, без промени.

Македонија

Приведен осомничен за серија тешки кражби

Published

on

На 7 јануари 2025 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го привеле С.Ј. (40) од село Подареш, кој се сомничи за извршување на четири кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш. Кражбите биле извршени во викенд-куќи и помошен објект.


Според информациите, при претрес во домот на осомничениот, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Пронајдените предмети се одземени и ќе бидат вратени на нивните сопственици.

С.Ј. бил задржан во полициската станица Радовиш. За случајот бил информиран јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по завршување на истрагата и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Continue Reading

Македонија

Скопјанец си ја пријавил сосетката, го истепала пред влезната врата!

Published

on

На 07.01.2025 во 15.15 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Полицијата откри измама, куќа вредна 21 милион денари го убедиле да им ја продаде за пет пати помала цена

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.М. (51) од Гостивар поради сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство“ и „измама“. Кривична пријава е поднесена и против С.К. (76) за „помагање“ и „измама“.

Според истрагата, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, З.М. и С.К. заеднички го довеле во заблуда оштетеното лице, кое имало одземена деловна способност, да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари. Оштетеното лице, под влијание на пријавените, ја продало куќата по значително пониска цена од 5.231.750 денари.

Со ваквите дејствија, првопријавениот се обидел да се стекне со сопственост врз имот од значителна вредност, додека второпријавениот му помогнал во реализацијата на овој план.

Од полицијата информираат дека истрагата продолжува, а случајот е предаден на надлежните органи за понатамошно постапување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк