Cноубординг во kоcтум на Пелиcтер (Видео)

„Кога минатата година со јакна за скијање се појавив на седница на Совет на Општина Битола на која поднесов иницијатива за развој на Пелистер во огромен зимско – летен туристички центар кој можи и то како да биди носител на економијата во градот, колегите од власта ме искараа дека не ме личело по јакна и дека сум го рушел угледот на советот.По неколку дена се појавив по костум на врвот Пелистер, спуштајќи се со борд по падините на Баба планина, со една цел, да им докажам на колегите дека облеката не е важна кога имаш една цел и визија“ – вели советникот во општина Битола Иван Чулакоски.

Тој по втор пат на сноуборд во костум се спушти по падините на Баба планина и посочи дека тоа ќе стане традиционално сѐ додека Пелистер не стане современ и модерен зимско летен туристички центар – објави Бабам Битола.

Видео:

YouTube video player