Ваkциниве ги пречеkавте ко невеcта од Пуcтец

Актерт Сашо Тасевски на својот фејсбук профил го критикуваше спектаклот кој власта го направи при пречекувањето на вакцините о=кои денеска пристигнаа во Македонија п неколкумесечно задоцнување.

„Вакциниве ги пречекавте ко невеста од Пустец. Народна веселба за стар младоженец.
Она кога си преплашен дека ќе останеш неженет за потсмев на цело село и одеднаш ко ќе ти речат, “Најдовме невеста за тебе. Малку е со фалинки, ама невеста е. И наместо два милиони евра (читај: вакцини), во мираз ти носи само 24 илјади, ама земај да не останеш и без нив.” Особено ЕУ ако ти е стројник, не се одбива. Не ти е по ќеф ни невестава ни миразот, ама ај седи неженет“,
напиша Тасевски.