3ахариeва е многу лута: Дејствијата на Маkедонија cе недопуштени, не cаkаат да ги читаат оригиналнитe kниги

Дејствијата на Македонија се недопуштени, смета шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

Таа Во емисијата на Нова.бг рече дека се уште ја чекаат реакцијата од македонска страна, откако на граничниот премин Деве Баир не била дозволена пратка со 920 книги наменети за Бугарскиот културно-информативен центар во Македонија.

-Мислам дека сите граници веќе почнуваат да се минуваат. Се уште ја чекаме реакцијата на Македонија. Многупати им рековме дека работите нема да се случат на овој начин. Тие мора да ја запрат својата кампања против Бугарија. Очигледно тие не сакаат оригиналите на овие книги да бидат таму и луѓето да ги читаат, истакна Захариева во гостувањето во Нова.бг.