Мицкоски и Заев се договорија: Попис во септември!

Пописот се одложува на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е договорено на денешната средба меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

По средбата, Мицкоски информираше дека е договорено пописот наместо во април да биде одложен за во месец септември годинава.

-Се договоривме пописот да биде одложен. Наместо сега, во месец април, како што е планиран, да се одложи за месец септември како можен период да биде од 5-ти до 30-ти септември, 25 дена. Апликацијата со која се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот, а локалните избори наместо во првата половина од октомври да бидат одложена за втората половина од октомври, истакна Мицкоски по средбата со Заев.