Попишувач cи cе пофалил дека штампа податоци од 11 паcоши (ФОТО)

Фотографија објавена на Твитер дополнително ги разгоре дилемите кај граѓаните дали да се попишуваат на пописот кој за дијаспората започна а за луѓето во Македонија треба да започне на 1 април.

На објавената фотографија која ги засили позициите на тие што се против пописот затоа што сметаат дека има политички договор за процентот на етничките заедници се гледаат 11 македонски пасоши и еден компјутер отворен на страницата за Попис 2021.

Активистот на една политичка партија кој ја објавил фотографијата во хаштазите коментира #попис #тарапана и #28% што за многумина го означува процентот на Албанците во Македонија.

Според законот граѓанин не може да има во посед повеќе од еден важечки пасош и затоа Државниот закон за статистика кој ја води операцијата Попис2021 треба да го испита случајот и да ги расчисти сите дилеми околу пасошите и можните злоупотреби на системот за попис.

Откако веројатно сфатил дека со објавувањето на фотографијата прави прекршување на законот авторот-објавувач ја избришал од Твитер но таа е веќе зачувана и објавена од активисти на социјалните мрежи.