Шилeгoв ќе потpoши 30 илjaди eвpa зa мacичkи зa шax?

Советот на Град Скопје изгласа меѓуопштински соработки со седум општини од подрачјето на Скопје за уредување на јавни површини за спорт и рекреација.

Во ниту една одлука за меѓуопштинска соработка со било која од наведените општини не се предвидува поставување повеќе од две маси, а не па 14(четиринаесет) маси за шах.

На промотивното видео за новиот урбан сквер во Аеродром, градоначалникот Петре Шилегов се фали со 14 шах маси само на овој сквер, а одлуката на Советот на Град Скопје предвидува поставување само една.

Она што фрла сомнеж и беше дискутирано на седницата на Советот на Град Скопје е висината на цената за една маса за шах која изнесува 71.400 денари односно 118.200 денари, а сега гледаме дека и бројот на поставени маси не кореспондира со оној од одлуките кои беа изгласани.

Слични модели на веќе поставените маси можат да се најдат и по 9.000 денари, цена осум пати пониска од цената по кои се набавени, а дополнително се платени 2000 евра плус ДДВ за основен проект на маса за шах.(проектирале маса за шах).

Дали овие маси за шах се набавени по цената од спецификацијата од одлуката за меѓуопштинска соработка со Општина Аеродром и изнесува 71.400 денари односно 118.200 денари

Зашто се поставени дури 14 шах маси на еден сквер и дали следи „шаховизација“ на скопските општини со скапите масички.