Connect with us

Инфо +

83,8 % од граѓанитe во Бугаpија не ја поддржуваат Маkедонија 3а члeнство во EУ

Published

on

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева нагласува во интервју за бугарскиот „24 Часа“ дека нејзиниот став за Скопје, нема никаква врска со изборите – пренесува Сител телевизија.

-Имаме Договор од 2017 година што не се спроведува, рамковна позиција на Владата и едногласно усвоена декларација од Парламентот. Во Република Македонија го знаат мислењето на сите бугарски партии и народот – 83,8 отсто од граѓаните не се согласуваат да ја поддржат Pепублика Македонија за членство во ЕУ се додека не се постигне договор за фактите за историското минато на Бугарија, смета Захариева.

Таа тврди дека неодамнешните постапки на властите во Скопје не даваат многу причини за оптимизам.

-Нивниот кандидат за Евровизија доби повеќе од 400 закани по животот затоа што рече дека имал и бугарско државјанство…Се уште немаме објаснувања од Скопје и зошто нашето Министерство за надворешни работи треба да побара дозвола за увоз на бугарски книги, изјави бугарската министерка за надворешни работи.

Захариева вели дека добрите односи на премиерот Бојко Борисов со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган довеле до „нула притисок врз мигрантите на нашата граница“.

Во однос на Русија таа нагласува дека ниту една земја не може да толерира дипломати кои нелегално собираат класифицирани информации.

-Дипломатите не можат да бидат кривично одговорни, но според Виенската конвенција од нив треба да се побара веднаш да ја напуштат земјата…Ние веруваме дека ЕУ и Русија треба да разговараат за сите прашања директно и отворено, но нема да толерираме незаконски активности на дипломати од која било земја на нашата територија… Бугарија продолжува да работи на соработка со Русија во економијата, туризмот и трговијатa, додаде таа. 

Балкан

Српските лекари пожртвувани за повредените од Кочани: Секој миг е важен во акцијата на хуманост (ФОТО)

Published

on

Денес во Белград пристигнаа уште 12 пациенти од Македонија, кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Авион со пациентите слета попладнево на аеродромот во Батајница, каде што беше организиран брз и координиран транспорт до здравствените установи.

Тимови на Брзата помош ги пречекаа повредените и веднаш ги пренесоа до болниците, со цел да им биде обезбедена што поитно неопходната медицинска грижа.

Во Ургентниот центар, медицинските екипи беа подготвени за прием и веднаш им пружија соодветна нега на пациентите. Посветеноста и професионалноста на српските здравствени работници уште еднаш дојдоа до израз, обезбедувајќи брза и ефикасна реакција во духот на медицинската солидарност.

Continue Reading

Балкан

Грчкото воено воздухопловство извршува медицинска евакуација на тројца повредени од трагедијата во Кочани

Published

on

По големата трагедија во Кочани, грчкото воено воздухопловство (Hellenic Air Force) со транспортен авион C-27 Spartan извршува медицинска евакуација на тројца пациенти во критична состојба. Повредените ќе бидат пренесени во Воената болница 401 во Атина, каде што ќе добијат соодветен медицински третман.

Во овие тешки моменти, Грција изрази солидарност со Северна Македонија, испраќајќи помош за спасување на животите на тешко повредените. Нашите мисли и молитви се со нив и нивните семејства.

Continue Reading

Балкан

Претседателот Вучиќ ги посети повредените од трагичниот пожар во Кочани: „За нас е трагедија како да се случило тука“

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја посети групата повредени во пожарот што се случи во Кочани.

„За нас, трагедијата во Кочани е како да се случила тука. Верувам дека ќе успееме да им помогнеме на овие луѓе кои пристигнаа со сериозни повреди. На располагање им стоиме на нашите браќа и пријатели Македонци и сме подготвени да примиме повеќе пациенти, бидејќи имаме најсовремени опремени болници“, изјави Вучиќ.

„Нема да им биде лесно на македонскиот народ, но ние секогаш ќе бидеме со нив, како што тие беа со нас“, додаде тој.

Претседателот Вучиќ ја изрази својата подготвеност да помогне во оваа трагична ситуација и да им обезбеди поддршка на повредените.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк