Благодарноcт за Cрбија, но тоа виkендов беше cрам за државата

Претседателот на државата Стево Пендаровски на прес конференција се заблагодари на соседна Србија за имунизацијата на македонските граѓани, но порача дека тоа е срам за нашата држава.

„Сликите кои ги гледавме изминатиот викенд во соседна Србија тоа најдобро го илустрираат, и такви слики едноставно не смеат да се повторат. Благодарност до Србија но тоа беше срам за државата наша“, вели Пендаровски.

Шефот на државата додава дека едноставно државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им прижи здравствена заштита во државата – пренесе ТВ21.