EЧИ ОД СОБЛЕКУВАЛНАТА:”ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ” – ВАКА СЛАВАТ ЈУНАЦИТЕ

Македонската фудбалска репрезентација напиша историја вечерва во Дуизбург и ја шокираше најтрофејната фудбалска нација Германија со триумфот со 2-1, за втора победа во овие мундијалски квалификации и најголем триумф во историјата, зашто четирикратниот светски и трикратен европски првак е првата светска велесила која успеваме да ја победиме во нашата фудбалска историја.

Германија имаше само два порази во својата фудбалска историја од Португалија и Англија, па дојде Македонија за да им го нанесе третиот пораз и тоа откако во три мундијалски циклуси во низа Германија едвај имаше три нерешени мечеви и ниту еден пораз.