Connect with us

Инфо +

Ех, да се сите криминалци како мене, кај ќе ни беше крајот…

Реакција на објавата во некои медиуми дека актерот Игор Џамбазов и неговата фирма земале кредит од Евростандард банка кој не го вратил:

Драг мој народе,

денес низ медиумите осамна соопштение од страна на оштетените штедачи од Еуростандард банка, во кое е спомнато и моето име. Во него се изнесени аргументи, кои во несебична помош на дел од медиумите, станаа невистини кои морам да ги демантирам.

1. Точно е дека Друштвото „Брачна игра“ на 31.07.2017 година, зема кредит од Еуростандард банка во висина од 700.000 денари. Повторувам… денари. Милионите, ама во евра, ги земаа некои други. Кредитот беше земен по најрегуларен пат, како и многу други фирми од областа на културата кои се обидуваа не само да преживеат, туку и да создадат некаква вредност на уметничкиот пазар, и беше наменет за два нови проекти во театарот.

2. НЕ Е ТОЧНО дека „Брачна игра“ не вратила ниту денар. Досега се вратени 324.736 денари. Значи, скоро половина. Тоа го кажуваат и документите што ни ги испрати банката. Треба да се врати остатокот, плус каматите.

3. НЕ Е ТОЧНО дека Друштвото „Брачна игра“ во време на земањето на кредитот немала приходи и пливала во долгови. Работевме и повеќе од солидно, Фирмата имаше само еден долг кон една скопска фирма вклучена во еден од проектите, кој навистина не беше голем. Можеби колку една плата. Вториот долг е долгот кон банката.

4. Друштвото „Брачна игра“ не е во стечај, за што постои и документ од Централниот регистар. Само што не функционира од веќе познатите причини, како и 90 проценти од фирмите.Кредитот беше враќан сè до крајот на 2019 година.

Идејата ни беше да направиме нов проект, и во 2020 година од приходот, да си го вратиме долгот. Потоа дојде короната, и сè како застана. Но никој, никогаш не помислил на можноста кредитот да не се врати. Еве, и сега чекаме на одговор од банката за начинот на враќање, бидејќи добивме опомена преку писмо, дека треба да си го подмириме долгот, што е нормално. Постојат две опции: Договор со банката за продолжување на плаќање на кредитот, или комплетна отплата преку некоја друга банка, за што постои законска можност.

Се надевам дека ова набргу ќе се случи, и оваа тажна приказна ќе заврши.И за крај. Јас, Игор Џамбазов, сум подготвен да ги сносам сите правни последици. Моралните веќе ги сносам, благодарјќи им на медиумите за кои сензационализмот е секогаш пред вистината. Такви биле такви и ќе останат.

За среќа, оние што ме сакаат и почитуваат (а само за нив и ми е гајле во животот) добро знаат дека јас сум чесен човек. За жал, животот ме натерал понекогаш да се дружам и со тие, нечесните. За среќа, повеќе не.Да, и ќе заборавев. Сите медиуми што во своите наслови напишаа дека Игор Џамбазов не вратил ниту денар, а особено оние кои кажаа дека сум вмешан во криминалот на Еуростандард банка, ќе мораат да го докажат тоа на суд.

Таман да го вратиме кредитот.А сега вратете се на пописот, ковидот, името, племето, семето, знамето…а да, ќе заборавев…и мамето.

Добри луѓе,ве сака Ваш Игор.

Ова беше наменето за лошите.

Ех, да се сите криминалци како мене, кај ќе ни беше крајот… Драг мој народе, денес низ медиумите осамна соопштение од…

Posted by Igor Dzambazov on Tuesday, March 30, 2021

Свет

Европска земја го блокира предлогот за користење на руските средства за Украина

Белгија се спротивстави на предлогот на Европската комисија за деблокирање на заем од 210 милијарди евра за Украина, финансиран од замрзнатите руски средства, со што го попречи обидот на ЕУ да постигне договор пред самитот на лидерите.

Два дена пред самитот, Комисијата се обиде да ги убеди земјите-членки да поддржат заемот, кој би ги користел резервите на Русија чување во банката „Еуроклеар“ во Брисел за поддршка на економијата на Киев, погодена од војната. 27-те земји-членки ќе продолжат со разговорите подоцна во вторник.

Комисијата предложи законски измени за да обезбеди поддршка од Белгија, вклучувајќи правни гаранции дека земјата нема да сноси одговорност во случај на правни барања или одмазда од Русија. Дополнително, Украина не би добивала средства додека другите земји-членки не обезбедат финансиски гаранции за најмалку половина од износот.

Сепак, белгиската влада на премиерот Барт де Вевер оцени дека гаранциите не се доволни и изјави дека нема да се постигне договор пред Европскиот совет. Стравот е дека Белгија би можела да биде одговорна за враќање на целата сума доколку Русија побара поврат на средствата.

Четири други земји – Италија, Малта, Бугарија и Чешка – го поддржаа барањето на Белгија да се разгледаат алтернативни начини за финансирање на Украина, како заеднички долг. Франција, пак, останува неутрална во однос на тоа дали да се користат руските средства или да се прибегне кон еврообврзници.

Германија инсистира дека нема реална алтернатива за користење на руските средства, предупредувајќи дека неуспехот сериозно ќе ја наруши способноста на ЕУ да дејствува. Сепак, не сите земји се убедени, а критичарите посочуваат дека Германија се противи на заедничкиот долг по идеолошки причини, а некои земји-членки се загрижени за штедачите.

Continue Reading

Свет

Зеленски најави брз финиш на мировните предлози и можна средба во САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека предлозите што се усогласуваат со американските претставници за завршување на војната би можеле да бидат финализирани во наредните неколку дена, по што ќе бидат доставени до Кремљ. По тој чекор, како што најави, можна е и средба во Соединетите Американски Држави следниот викенд.

Говорејќи за нацрт-мировниот план за кој вчера се разговараше во Берлин, Зеленски оцени дека тој „не е совршен“, но дека е „многу изводлив“. Сепак, тој нагласи дека остануваат отворени неколку клучни прашања, пред сè поврзани со иднината на украинската територија под руска окупација.

Украинскиот претседател повтори дека Киев нема да ја признае руската власт над кој било дел од Донбас. Тој додаде дека Украина и Соединетите Американски Држави подготвуваат уште пет документи покрај основната мировна рамка, од кои дел се однесуваат на безбедносните гаранции.

Continue Reading

Европа

Орбан: Поддршката за Украина преку кредити ќе ја плати младата Европа

Додека Брисел инсистира на финансиско обединување за воените потреби на Киев, Виктор Орбан предупредува на долгорочна економска стапица. Унгарскиот лидер го нарече предлогот за заеднички заем „коцкање со иднината“, нагласувајќи дека товарот на денешните воени трошоци не смее да падне врз плеќите на помладите генерации. Неговиот став е директен удар врз европското единство, нарекувајќи ја поддршката за овој план само уште една „депонија на бриселскиот хор“ која води кон долгорочна нестабилност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг