Connect with us

Инфо +

Не можеме цела државна служба да ја носиме да се вакцинира во Србија, ние сме држава

Премиерот Зоран Заев во врска со изнесените ставови на претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче за вакцинирањето на нашите граѓани во Србија, денеска изјави дека за него тоа е слобода, но сепак оцени дека реакцијата на Пендаровски не била соодветна. 

-За мене прво е слобода и тоа што се случува меѓу претседателот и министерот е слобода. Нормално кога министер од мојата Влада реагира јас знам за тоа, и не би требало да правам огради или слично. Јас знам за тоа министерот ме консултираше. Нападот е навистина несоодветен, јас го почитувам претседателот многу, имаме одлична соработка, но знаете не ни е лесно на никој. Прашањето којшто правиме во сите овие моменти да час поскоро најдеме вакцини, да ги донесеме, имунизацијата да се спроведе и слично, рече Заев.

Како Влада, рече тој, од самиот старт објаснивме дека слободниот избор на граѓаните е слободен избор дали ќе оди во пријателска соседна земја ќе ја прими вакцината. 

– Но државата да учестува во таа работа нема да учествува, па макар и со издавање дозволи за време на полициски час. Не, затоа што државата е во нешто за кое што неможеме да носиме одговорност. Не дај боже нешто да се случи, како тоа ќе преземеме ние одговорност за оваа работа, рече Заев. 

Според премиерот, Србија покажала огромен пријателски чин и тоа не можеме да го занемариме. 

-Значи тие ги отворија границите и за граѓаните на  Македонија и на други земји да се вакцинираат и тоа е ок. Денеска вакцинацијата е глобална проблематика и секоја солидарност и помагање е за поздравување. Но, истовремено не можеме ние да одиме, не знам цела една служба државна да ја носиме да се вакцинира. Тоа е недозволиво за државата. Ние сме држава. Може секој поединец и вработен во јавната администрација, но поединечо да оди, рече премиерот Заев.  

Рече дека тој дал инструкции дека како институции не, но како граѓанин може секој да оди.

-Ние видовме родители на пратеник, родители на политичари, може има и некој политичар што отишол, не го знамее тоа, но тоа индивидуално го направил, не како институција, не како држава, рече Заев.  

Второ нешто што е важно, според него, е што сега претседателот и министерот зборувале јавно за нешто за што не се согласувале, што не беше случај во минатото. 

-Беше мисловна именка така претседателот и министерот да се искомуницираат кога не се согласуваат за нешто, па и не може за се да се согласуваме. На крајот здраво е да имаме и несогласувања, но тоа не значи дека не се дволно почитуваме, рече Заев.

Advertisement

Свет

САД изведоа акција и запленија венецуелска нафта, Венецуела реагира

Американските сили извршија акција и запленија голем танкер под санкции покрај брегот на Венецуела, што предизвика жестоки реакции во Каракас. Владата на Венецуела соопшти дека ќе ја брани својата сувереност, природните ресурси и националното достоинство, најавувајќи жалба пред меѓународните институции.

Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо ги нарече САД „убијци, крадци и пирати“ и саркастично се повика на филмот „Пиратите од Карибите“. „Џек Спероу таму е херој, но овие типови се вистински криминалци на отворено море“, изјави тој.

Претседателот Доналд Трамп потврди дека акцијата била изведена синоќа, додавајќи дека танкерот бил најголем досега. Јавната обвинителка Пем Бонди истакна дека бродот превезувал санкционирана нафта од Венецуела и Иран, а операцијата била координирана од ФБИ, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешна безбедност и Крајбрежната стража.

Снимките од американските служби прикажуваат два воени хеликоптера и вооружени војници како се спуштаат на палубата на бродот, а според извори, акцијата ја изведувале десет маринци, десет припадници на Крајбрежната стража и специјални единици од бродот „Џералд Форд“.

Компанијата „Вангард“ го идентификува бродот како „Скипер“, кој долго време ја лажирал својата позиција. Министерството за финансии на САД го стави под санкции уште во 2022 година за наводна вмешаност во нелегален шверц на нафта што генерирал приходи за Хезболах и Исламската револуционерна гарда.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, оцени дека станува збор за меѓународно пиратство и истакна дека „Венецуела никогаш нема да стане нафтена колонија“. Трамп, пак, изјави дека запленетата нафта веројатно ќе биде задржана од САД.

Continue Reading

Балкан

Милановиќ: Франција продава авиони и на нашите соседи, без да се консултира со Хрватска

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека Франција се грижи исклучиво за своите интереси, по продажбата на 12 воени авиони на Хрватска, а потоа исто толку и на соседи кои не се членки на НАТО.

„Ние сме членка на НАТО и имаме завети со нашите сојузници за критични ситуации. Меѓутоа, можеме да видиме како се однесуваат стратешките партнери. Франција не нè праша за нашето мислење кога го продаде истото количество авиони на соседите. Потоа мораме да ги надградиме тие системи, што дополнително чини. Тие се грижат само за своите интереси“, рече Милановиќ.

Тој додаде дека не станува збор за критика, туку за поттик за размислување за мотивите и одлуките на државите. Милановиќ истакна дека при донесувањето важни државни одлуки целата доктрина треба да произлегува од заштита на сопствените интереси, без да се исклучува лојалност и пристојност кон партнерите.

„Не може да има иста стратегија за земја од четири милиони жители и земја од 65 милиони, земја што произведува и земја што купува. Улогите не се еднакви“, заклучи хрватскиот претседател.

Continue Reading

Балкан

Косово ја коригира патната сигнализација – земјата сега правилно означена со МК

Косово го исполни ветувањето и го тргна погрешниот меѓународен код „НМК“ од патните знаци, заменувајќи го со точниот – МК. Фотографии од изменетите табли ги испрати Ќамил Фека, директор на одделот за патишта при Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово.

360 степени“ минатата недела извести дека на стариот пат Приштина–Скопје се користела погрешната ознака „НМК“. Од косовската страна уверија дека станува збор за ненамерен пропуст и дека истиот ќе биде најитно коригиран.

Случајот со погрешни ознаки е втор во соседството, откако Србија веќе подолго од две години на патни знаци користи „НМК“ наместо МК. Од македонското МНР истакнаа дека веруваат оти и српските власти ќе постапат по нивните барања и ќе ја коригираат сигнализацијата.

Овој потег доаѓа во контекст на Преспанскиот договор од 2018 година, кој, меѓу другото, го регулираше користењето на меѓународните ознаки и кодови за Македонија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг