Целиот свет вечерва пишува за МАКЕДОНИЈА!

Победата на Македонија против Германија е ударна тема во регионот вечерва и покрај тоа што деновиве играа сите репрезентации на нашите соседи.

Српските, хрватските, босанските, црногорските медиуми, но и светски медиуми се полни со комплименти за играта на нашиот национален тим и сензацијата која ја приредија во Дуисбург. Тоа може да се види и од насловите на тамошните портали, но и коментарите на социјалните мрежи од многу земји.

Македонско ливче: Со 800 денари заработил 30 000 на Македонија – Германија

Македонската фудбалска репрезентација ја оствари најспектакуларната победа во својата историја, откако на гостувањето во Дуизбург ја совлада Германија со 2:1 во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.

Прво пердашење откако сме членка на НAТO, вака играат НЕВАКЦИНИРАНИ!

Германија по 20 години победена од Македонија-„Господе Боже” – напиша Линекер

Германија последен пат загуби во квалификации за светско првенство во 2001 година, тогаш беше убедливо поразена од Англија со 5-1, сега загуби од Македонија, ова е болен пораз за германските фудбалери.

Се сеќавате на легендарната изјава на Гери Линекер, Фудбалот е едноставна игра во која 22-ца трчаат по топката 90 минути, а на крај секогаш победуваат Германците, епа сега тоа не важи!

Се огласи и самиот Линекер на твитер, во неверување напиша:

„Господе боже, Германија загуби од Македонија“ – напиша Линекер.

EЧИ ОД СОБЛЕКУВАЛНАТА:”ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ” – ВАКА СЛАВАТ ЈУНАЦИТЕ

Македонската фудбалска репрезентација напиша историја вечерва во Дуизбург и ја шокираше најтрофејната фудбалска нација Германија со триумфот со 2-1, за втора победа во овие мундијалски квалификации и најголем триумф во историјата, зашто четирикратниот светски и трикратен европски првак е првата светска велесила која успеваме да ја победиме во нашата фудбалска историја.

Германија имаше само два порази во својата фудбалска историја од Португалија и Англија, па дојде Македонија за да им го нанесе третиот пораз и тоа откако во три мундијалски циклуси во низа Германија едвај имаше три нерешени мечеви и ниту еден пораз.

ЗЕМЈОТРЕС ВО ДУИЗБУРГ:„Гранде“ Пандев и „Дијамантот“ Елмас ја урнаа Германија!

Во својот трет натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство, вечерва на стадионот во Дуизбург репрезентацијата на Македонија ја совлада Германија со резултат 1:2.



Како што и се очекуваше Германците уште од почетокот на дуелот ја контролираа топката, веднаш го бркаа првиот гол, кружеа опасно од сите страни, но нашите фудбалери кои во одредени моменти имаа и среќа, ги запреа сите налети.



Во деветтата минута првата сериозна шанса ја имаа токму Германците, Хаверц правовремено го пронајде Горецка кој за наша среќа удри во пречката.

Паниka во Капитол Хил: Евакуиран Претставничкиот дом во Вашингтон

Дел од Претставничкиот дом во Вашингтон, каде се наоѓаат канцеларии, денеска привремено беше евакуиран поради сомнителен пакет.

Полициските службеници од обезбедувањето на зградата истражуваа сомнителен пакет што бил пронајден пред една од салите за состаноци, пренесе весникот „Сан“.

Официјалните лица подоцна изјавија дека сомнителниот предмет е изнесен од зградата и дека Претставничкит дом е повторно отворен.

Починатите родилки биле на возраст од 33 и 32 години

Две родилки починаа во болница во последното деноноќие како последица на ковид-19, дознава Плусинфо.

За двете ова било втора рожба и двете биле во многу тешка состојба. Едната имала 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба.

33-годишната родилка од Делчево жена од Делчево, била породена со царски рез, термински, и родила здраво машко бебе од 2.900 грама кое во добра општа состојба веќе е испишано од ГАК со тежина од 3.200 грама.

Родилката била примена на ГАК на 10 март во лоша состојба, фебрилна со 38,5 температура, со ниска сатурација и со кашлица. Породена е на 11 март и поради влошување на клиничката состојба, на 14 март е препратена на понатамошно лекување во ГОБ „8 Септември“.

Ден пред хоспитализација на ГАК, на 9 март добила негативен PCR тест, а на Клиниката за гинекологија на 10 март добила позитивен резултат по направен антигенски рапид тест.

Втората почината родилка е 32-годишна скопјанка. Породена е предтермински, со царски рез во 30 недела од бременоста. И таа е второротка.

Родилката била донесена од Инфективната клиника во Скопје на ГАК на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради исклучително лошата клиничка состојба, била препратена на КАРИЛ.

Предвременото роденото бебе е женско, кое сѐ уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега на ГАК е респираторно зависно – пренесе Сител телевизија.

1.511 нови случаи, починати се 32 лица

Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 654, Куманово – 116, Битола – 86, Велес – 68, Прилеп – 64, Тетово – 56, Гостивар – 55, Кавадарци, Штип и Охрид – по 44, Струмица – 38, Гевгелија – 35, Кичево – 25, Неготино -22, Кочани и Радовиш – по 15, Пробиштип – 14, Струга, Свети Николе, Дебар, Берово и Виница – по 11, Валандово – 10, Крива Паланка и Ресен – по 9, Богданци – 7, Македонска Каменица – 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пехчево и Дојран – по 3, Делчево, Крушево и Демир Капија – по 2, Демир Хисар – 1.

Регистрирани се 587 оздравени пациенти од:

Скопје – 316, Прилеп – 31, Куманово – 26, Велес – 23, Тетово – 22, Кавадарци и Битола – по 18, Гостивар – 17, Неготино -14, Штип, Струмица и Гевгелија – по 13, Крива Паланка – 8, Берово и Крушево – по 6, Кочани, Кичево, Ресен и Пробиштип – по 5, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Охрид, Радовиш, Виница, Валандово и Демир Капија – по 2, Делчево – 1.

Пријавени се вкупно 32 починати лица: 13 од Скопје (84г,83г,77г,75г,73г,68г,66г,64г, 63г,63г,51г ,42г и 41г), по 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г), Куманово (70г и 61г), Гостивар (72г и 69г), Кавадарци (88г и 49г), Штип (84г и 79г), Струмица (86г и 80г) и Неготино (81г и 67г), а по еден пациент е пријавен од Велес (70г), Охрид (79г), Струга (72г), Гевгелија (58г) и Делчево (33г). Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.

Направени се 4.445 тестови преку: ИЈЗ-969, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-119, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-12, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–79, МАНУ-180, Жан Митрев (Филип Втори)-166, Авицена-415, Биотек-344, Систина-329, лабораторија Лаор-256, Синлаб-67, Ремедика-51, Плодност – 0, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.345.

Досега во земјата се направени вкупно 625.255 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 58218, активни 9654

Прилеп 7061, активни 1078

Куманово 6860, активни 870

Тетово 6329, активни 611

Гостивар 4548, активни 489

Велес 4486, активни 696

Кавадарци 4451, активни 721

Битола 4419, активни 745

Штип 4271, активни 439

Охрид 4130, активни 750

Струмица 3254, активни 338

Струга 2678, активни 225

Кочани 2244, активни 237

Кичево 2011, активни 178

Неготино 1932, активни 395

Гевгелија 1827, активни 384

Свети Николе 1267, активни 119

Крива Паланка 1070, активни 105

Ресен 1001, активни 159

Радовиш 901, активни 114

Дебар 859, активни 55

Делчево 842, активни 88

Берово 843, активни 117

Пробиштип 695, активни 102

Виница 611, активни 72

Валандово 515, активни 82

Крушево 433, активни 125

Богданци 408, активни 74

Демир Капија 355, активни 81

Кратово 330, активни 28

Демир Хисар 323, активни 41

Македонски Брод 296, активни 31

Пехчево 233, активни 33

Македонска Каменица 208, активни 14

Дојран 113, активни 12