Cакам полн cтадион во Ckопје kога ќе заминам во пензија!

Горан Пандев ќе замине во историјата како еден од најдобрите фудбалери кои се појавиле од Македонија. Неговите достигнувања и особено погодокот за пласман на Европско првенство против Грузија никогаш нема да бидат заборавени.

Во разговор со „morgenpost.de“, капитенот на македонската репрезентација уште еднаш потврди дека на крајот од сезоната ќе стави крај на својата фудбалска авантура, за жал Пандев ќе се пензионира, но не пред да ја однесе славно Македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

„Всушност, би сакал да ја завршам кариерата оваа есен пред мојата публика, на, се надевам, распродадениот национален стадион во Скопје. Оваа одлука ја донесов пред оваа сезона и не можам да замислам да играм уште една година во моментов. На 37-годишна возраст можете да го напуштите теренот за помладите со високо крената глава“, вели ветеранот.

По пензионирањето, Пандев ќе може да одвои повеќе време и енергија за својот клуб Академија Пандев.

„Академијата е моето „бебе“, кое сега има единаесет години и веќе учествуваше во квалификациите во Лигата на Европа како освојувач на Купот на Македонија, што ме прави многу горд. Јас во голема мерка сум вклучен во работењето на клубот и следам што се случува од Џенова. Така ќе остане и во иднина, бидејќи немам намера да работам како тренер или функционер во клубот, особено поради тоа што јас и моето семејство сакаме да го задржиме нашиот центар на животот во Италија“, изјави напаѓачот.

Пандев ќе ја имаа таа чест да биде капитен и лидер на репрезентацијата на претстојното Европско првенство. За него тоа ќе биде круна на сите постигнувања во кариерата.