Connect with us

Спорт

Лазаров со честитки: Cпортистите се најголеми амбасадори! Одиме заедно кон нови победи за Македонија!

Published

on

„Честитки за сите играчи, селекторот, капитенот Пандев и сите вклучени кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионализмот нема случајности или среќа, среќата е заслужена со посветеност, ентузијазам и борба до крај.

Македонскиот спорт станува нашиот најголем амбасадор во светот, спортистите се најголеми амбасадори. Ви честитам од срце и само напред кон нови победи. Покажавте дека имате ментална сила, карактер, македонски инает, интелегенција. Ви посакувам многу среќа на Европското првенство. Одиме заедно кон нови победи за Македонија!“ – напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.

Germanija Makedonija 1-2⚽️ Cestitki do site fudbaleri,selektorot,kapitenot Goran Pandev i site involvirani koi…

Posted by Kiril Lazarov 7 on Wednesday, March 31, 2021

Спорт

Аргентина го понижи Бразил и обезбеди место на Светското првенство

Published

on

Актуелниот светски шампион, Аргентина, со убедливи 4-1 го совлада Бразил и ја обезбеди својата позиција на Светското првенство 2026. година.

Ова беше историски пораз за Бразил, кој никогаш не примил четири голови во квалификациски натпревар за Светското првенство. Аргентина започна со напад уште во четвртата минута, кога Хулиан Алварез го отвори резултатот. Само осум минути подоцна, Родриго Фернандез зголеми на 2-0. Бразил се врати во игра благодарение на голот на Куња во 26. минута за 2-1, но Аргентина не дозволи никакво сомнежување.

Во 37. минута, Алексис Мекалистер постигна гол за 3-1, а конечните 4-1 ги постави Љао Симеоне само три минути по влегувањето во игра, во 71. минута. Овој убедлив триумф значеше и крај на надежите на Бразил за директен пласман на Мундијалот.

Continue Reading

Спорт

Емотивен момент на арената „Тодор Проески“: Громогласен аплауз за жртвите од Кочани во 59. минута

Published

on

Вечерва, во 59. минута од натпреварот помеѓу Македонија и Велс на Националната арена „Тодор Проески“, присутните на трибините изразија емотивна почит кон жртвите од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Со громогласен аплауз, навивачите и фудбалерите ја почитуваа болката на семејствата и пријателите на настраданите.

Францускиот судија Жером Брисар го прекина мечот, дозволувајќи на играчите да се приклучат на аплаузот на навивачите, создавајќи една од најтажните и најемотивните сцени во спортската историја на Македонија.

Со овој чин, не само што беше изразена солидарност, туку и Раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука сите приходи од натпреварот да бидат донирани за помош на семејствата на жртвите и настраданите во трагичниот инцидент.

Continue Reading

Спорт

Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами

Published

on

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами, откако синоќа по два сета го совлада 16. пласираниот на АТП листата Италијанецот Лоренцо Мусети со 6:2, 6:2.

Петтопласираниот тенисер во светот дојде до победа по еден час и 23 минути игра.

Во првиот гем од првиот сет Италијанецот направи брејк на сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер потоа нанижа шест гемови и поведе со 1-0 во сетови.

Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка во вториот гем од вториот сет и со сигурен сервис во следниот гем поведе со 3:0. До седмиот гем двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, кога Ѓоковиќ ја искористи првата меч поен на сервис на Мусети.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против светскиот рекет број 25, Американецот Себастијан Корда. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк