Connect with us

Инфо +

Шизофрeни америkанckи чинoвници гледаат македонско малцинство во Бугaријa, што не признаат Теkсaшко или Аризонckо мaлцинcтвo!

Бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, бурно реагира на годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во неговата земја, во кој се апострофирани проблемите на македонските здруженија кои бугарските власти и покрај пресудите на Европскиот суд за човекови права одбиваат да ги регистрираат.

„Тие ја гледаат Бугарија како Занзибар, не ги знаат проблемите а пишуваат така како што напишале. Да ги прашам тие никаквеци во американскиот Стејт департмент, каде видоа тие македонско малцинство? Тие земаат предвид некакви извештаи од соросоидни организации и невладини организации кои ги хранат за да плукаат на Бугарија“,

Изјавил за ПИК ТВ бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов

Според него, членовите на „ОМО Илинден“ се платено малцинство од Скопје, за кои вели дека ги принудуваат да го признаат.

„Какви репресирани Македонци има во Бугарија?! Си пишуваат некакви извештаи, ма што сакаат нека пишуваат. Што не признаат тие во Америка дека има тексашко малцинство или аризонско малцинство. Не, затоа што нивната политиката е да ги интегрира сите и да ги направи Американци. Зошто тие да си ја зајакнуваат државноста а ние нашата да си ја разбиваме?“,

вели Каракачанов.

Во своето интервју, во рамки на бесплатната предизборна промоција на БНТ, попладнето Каракачанов изјави дека е „апсурд над апсурдите“ барањето да биде признаени македонско малцинство на територијата на Бугарија.

Advertisement

Свет

Молдавија во мрак: Руски напади врз Украина предизвикаа голем енергетски хаос

Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија „Молделектрика“ се соочува со сериозни потешкотии поради масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура, кои синоќа предизвикаа прекини и преоптоварување на системите во регионот.

Според соопштението на операторот, голема електрана била исклучена, а интерконекциите со Украина и Романија достигнале критични нивоа. Поради надминување на планираниот проток, Молдавија побара итна помош од Романија за стабилизирање на мрежата, објави „Ле Монд“.

Русија синоќа ги нападна регионите Чернихив, Запорожје, Лвов и Дњепропетровск, таргетирајќи клучни објекти од украинската енергетска мрежа. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе области – меѓу кои Киев, Лвов, Одеса, Чернигов, Запорожје, Днепропетровск и Николаев – претрпеле прекини во снабдувањето со струја.

Руското Министерство за одбрана тврди дека мета биле компании од украинскиот воено-индустриски комплекс, инфраструктура која „го поддржува неговото функционирање“, како и пристанишни објекти што се користат „во интерес на вооружените сили на Украина“.

Continue Reading

Свет

Илон Маск жестоко по Брисел: „ЕУ треба да се укине – вратете им го суверенитетот на државите“

Американскиот милијардер Илон Маск повторно влезе во остар конфликт со Брисел, откако Европската комисија ја казни неговата платформа X со 120 милиони евра поради прекршување на правилата од Законот за дигитални услуги (DSA).

Како реакција, Маск изјави дека „Европската Унија треба да се укине“ и дека суверенитетот мора да се врати на поединечните земји, „за владите подобро да ги претставуваат своите народи“.

Казната, изречена на 5 декември, се однесува на неколку прекршувања: измамнички дизајн на т.н. „сино отчукување“, недоволна транспарентност во складиштето за реклами и оневозможување на истражувачите да пристапат до јавни податоци.

Ова не е прв судир меѓу Маск и ЕУ. Тој претходно го нарече изборниот процес за претседател на Европската комисија „недемократски“, а најновата казна предизвика критики и од високи американски претставници, кои го споредија однесувањето на Брисел со „цензура“.

Continue Reading

Свет

Кинески ракети во воздухот: Филипински авион под „огнено предупредување“ над спорните води

Кина денеска испука три сигнални ракети кон филипински патролен авион кој летал над Јужното Кинеско Море, соопшти филипинската Крајбрежна стража. Ракетите биле испукани од гребенот Суби, кој се наоѓа под кинеска окупација, но авионот не бил оштетен.

Филипинските власти наведуваат дека државниот истражувачки авион легално патролирал над подрачје кое Манила го нарекува Западно Филипинско Море, со цел да ја следи состојбата на морската средина, рибните ресурси и безбедноста на филипинските рибари.

Пекинг често користи сигнални ракети како предупредување за странски авиони да се оддалечат од зоната што ја смета за своја.

За време на патролата, филипинскиот авион забележал кинески болнички брод, два брода на кинеската крајбрежна стража и уште 29 закотвени бродови на кинеската полиција и војска во близина на Суби. Гребенот е еден од седумте потопени рифови кои Кина во последната деценија ги претвори во силно утврдени воени бази со ракетни системи, според американски и филипински воени функционери.

Авинот продолжил да патролира и покрај предупредувањата и летал и во близина на шест други спорни вештачки острови. Крајбрежната стража соопшти дека мисијата е успешно завршена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг