Србија ни донираше уште 20,000 вакцини од Спутник V

Србија денеска и донира на Македонија 20,000 руски „Спутник“ вакцини. Станува збор за две дози од по 20 илјади вакцини.

Новите 20 илјади дози од руската вакцина ќе бидат наменети за војниците и за здравствените работници од секундарно здравство, кои се уште не се вакцинирани.

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче и се заблагодарија на нашата соседна земја Србија на денешната прес конференција.

„Пристигна втората донација од Србија, акт на огромно пријателство кое доаѓа во многу значајно време за нас. Се работи за двапати по 20 000 вакцини ‘спутник В’ кои ги добиваме од пријателска Србија во период кој е многу важен за да продолжи континуитетот на масовната вакцинација во земјата“,рече Заев.

Ова е втора донација од Србија, откако претходно ни донираше и 8 000 вакцини од компанијата „Фајзер“.