Македонскиот селектор во ред чекаше да купи албум со сликички Панини (Фото)

Селекторот Игор Ангеловски е миленик на навивачите, а после денешниот потег уште повеќе ги собра симпатиите.

Имено, денес започна продажбата на албумот „Панини“ за Европското првенство, каде за прв пат ќе ја има и македонската репрезентација.

Селекторот, Игор Ангеловски застана во редот и чекаше да го купи својот албум, исто како и сите други купувачи.

Фановите ја искористија приликата да се фотографираат со селекторот и да му честитаат на успесите.