Афера Мафија: 200 македонски пасоши за меѓународни нарко босови

Според брифингот на ВМРО-ДПМНЕ за уредници и новинари во партиското седиште најмалку двесте меѓународни нарко босови добиле македонски пасоши во изминативе неколку години.

Денеска се откриваат два детали за шефови на два големи нарко картели кои добиле македонски патни исправи со измислен идентитет.

Повеќе детали:

Вознемирувачки информации за нарко босови со македонски документи.

Јован Вукотиќ шеф на познатиот Шкаљарски клан е едниот од двајцата големи балкански нарко босови кои добиле македонски пасоши од МВР, брифира ВМРО-ДПМНЕ.

Вукотиќ добил вистински македонски документи на име Георги Андонов.

Вториот е Седат Пекер турски државјанин кој неодамна беше протеран од Македонија а предходно се сликал со високи државни функционери.

Пекер кого го гони и Турција во Македонија бил Џадин Амедовски.

Во периодот од декември 2017 до јануари 2021 на шефови на повеќе нарко картели им се издадени оригинални МКД документи заради непречено патување и престој во странство, се тврди во брифингот.