Boнpедна пpeс-конфepeнција на Заев,Филипче и Кapaџовски:Нов полициски час

Владата на Македонија денеска во 13:00 часот преку видеоврска ќе ја одржи 63-тата редовна седница на која членовите на Владата ќе разговараат за актуелната состојба, текот и прогресот на активностите во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата јавноста ќе биде информирана на прес-конференција со почеток во 14:00 часот.

Прес-конференцијата ќе ја одржи претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство Илир Хасани и претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски.

Неофицијално до Владата Комисијзата за заразни болести ќе предложи зголемување на полицискиот час. Наместо како досега од 22 часот, полицискиот час ќе започнува од 20 часот.

Следна мерка која неофицијално ќе стапи на сила од утре е затворањето на угостителските објекти.

Прес-конференцијата можете да ја следите на:

YouTube video player