Каракачанов не влезе во бугарското собрание ама ќе продолжел да го брани бугарскиот интерес во Македонија

Лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, се огласи на Фејсбук по неуспехот на неговата партија на вчерашните избори да влезе во бугарското Собрание.

„Здраво соборци. Помина денот на изборите. Централната избирачка комисија сè уште ги нема објавено конечните податоци, но прогнозата е дека ВМРО нема да биде застапено во 45. Парламент.

Им благодарам на сите што гласаа. Им благодарам на сите што го поддржаа ВМРО. Благодарам што и за Вас ‘Бугарија е над сè’, што Ве води во Вашите одлуки и што националниот интерес Ви е на прво место. Сакам да му гарантирам на секој Бугарин што му ја даде довербата и што гласаше за ВМРО, дека ние нема да ве предадеме! Дури и надвор од Парламентот, ВМРО со сите сили ќе ги брани вашите интереси, за кои работевме и во последните четири години – приходи, семејство, безбедност. На секаков начин ќе продолжиме да го браниме бугарскиот интерес во Македонија – зошто не треба да има компромис по никаква цена!

Горе главите, пријатели! Не треба да жалите! ВМРО не ја доби оваа битка, но допрва претстои ‘војната’, а таа е за највредната – Бугарија!“, порача досегашниот вицепремиер и министер за одбрана.