Connect with us

Инфо +

Красимирчо, те стигна карма моментално!!! Пак да јадеш лепешки

Published

on

Актерот Сашо Тасевски со ироничен коментар ги поздрави резултатите од изборите во Бугарија, според кои партијата на Красимир Каракачанов нема да бидел од бугарскиот Парламент.

Красимирчо, похапва мачорчета, а?

Те стигна карма моментално!!!

Пак да јадеш лепешки! – коментира Тасевски

Скопје

Вооружен напад во Бутел, едно лице заврши во притвор

Published

on

На 25.12.2024 полициски службеници го лишија од слобода Б.Р. (36) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. 

На 23.12.2024 на ул. „Бутелска” во Скопје Б.Р. испукал еден проектил од пиштол кон нозете на С.З. (35) од Скопје. 

Од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти во врска со настанот преземени се опсежни мерки, при што обезбедени се докази против Б.Р. и тој е лишен од слобода, а на 26.12.2024 е поднесена кривична пријава по брза постапка. 

Од страна на судија на претходна постапка на Б.Р. му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Continue Reading

Македонија

Агриа додели четири стипендии на најталентираните ученици и студенти во Општина Велес

Published

on

[Велес, 27.12.2024] -– Компанијата Агриа, како долгогодишен партнер на Општина Велес и поддржувач на образовниот развој, додели четири стипендии на најуспешните ученици и студенти за учебната 2024/2025 година.

 

Стипендиите за средношколци се доделени на двајца ученици, еден од Гимназија „Кочо Рацин“ и еден од ОСУ „Димитрија Чуповски“. Стипендиите за студенти, исто така, се доделени на двајца, едниот студент на медицина, а другиот на факултет за фармација. Добитниците на стипендии се избрани врз основа на постигнатиот успех, заложбите и амбициите за понатамошно образование.

 

Финансиската поддршка ќе се доделува месечно во времетраење од 9 месеци и ќе ги покрива материјалните потреби на учениците односно студентите.

 

Оваа активност е дел од континуираната соработка помеѓу компанијата Агриа и Општина Велес, а која успешно се спроведува веќе четврта година по ред. Компанијата планира и во иднина да инвестира во млади таленти и да го зголемува бројот на стипендии.

 

„Континуираната инвестиција во образованието претставува еден од темелите за одржлив развој на нашето општество. Доделувањето на овие стипендии е наш начин да покажеме дека ги препознаваме и поддржуваме трудот и талентот на младите луѓе,“ истакнаа од Агриа.

 

Компанијата Агриа останува посветена на својата мисија за поддршка на образованието и создавање можности за младите да го реализираат својот потенцијал.

Continue Reading

Македонија

Минчев ќе го укине Инспекцискиот совет за да заштеди 255.000 евра годишно

Published

on

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска најави укинување на Инспекцискиот совет, што, според него, ќе заштеди на државата 255.000 евра годишно. На прес-конференцијата за презентација на досегашните резултати од својата работа, Минчев го претстави овој потег како почеток на големите реформи во јавната администрација, со цел нејзина трансформација во вистински сервис за граѓаните.

Минчев истакна дека 11-те вработени во Инспекцискиот совет нема да ги загубат работните места, бидејќи ќе бидат прераспределени во Министерството за јавна администрација. Сепак, седумте членови на Управниот совет, кои добивале надоместоци од 2.000 до 2.500 евра за само два состанока месечно, ќе останат без ангажман, што ќе ја овозможи најавената заштеда. Министерот додаде дека ова е само првиот чекор во укинувањето на непотребни функционерски позиции, но не даде конкретни информации за следните чекори.

Инспекцискиот совет беше предмет на жестоки критики пред изборите, бидејќи неговите членови беа назначени од СДСМ и ДУИ, со обвинувања за корупција и незаконитост. Новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите месеци презема мерки за трансформација на државните институции, со укинување или спојување на тела и агенции, со цел да ги намали трошоците и да избегне обвинувања за партизација.

Министерот зборуваше и за Балансерот, оценувајќи дека пред неговото воведување имало поголем број вработувања од редот на етничките малцинства, отколку откако системот започна да се применува во 2015 година.

Во однос на намалувањето на бројот на вработени во јавната администрација и нивното префрлување во приватниот сектор, Минчев рече дека оваа можност сè уште се разгледува. Тој нагласи дека има дефицит на кандидати кои конкурираат за работа во администрацијата, пред сè поради ниските плати.

„Не можете да вработите ИТ-инженер во јавната администрација и да му понудите почетна плата од 450 или 500 евра, кога истиот професионалец може да заработи околу 2.000 евра работејќи од дома,“ изјави Минчев. Според него, платите во јавната администрација мора да бидат повисоки, и затоа од 1 март се планира зголемување на просечната бруто-плата за 8%. Заклучи дека јавната администрација не е обврзувачка опција за никого, и секој што сака, може да премине во приватниот сектор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк