„Штpyмфета“ му чecтиташе на Beнкo за „мacовната вaкцинација“ тој се пофали на Фejcбук

Во Македонија доцни се па така и вакцините, Македонија е на дното на вакцинираните граѓаните во светот, но на министерот за здравство Венко Филипче не му пречеше да се пофали самиот себе си на Фејсбук.

Она што е најинтересно е тоа што министерот за здравство не сподели честитки од профили на граѓани на Фејсбук каде најчесто граѓаните се претставуваат со својот вистински идентитет туку од Твитер каде граѓаните користат псевдоними па може да се сомневаме дали станува збор за вистински луѓе или партиски ботови.

-Драго ми е што граѓаните го препознаваат и вреднуваат трудот кој го вложивме за да се организира беспрекорно процесот на вакцинација. Подготвени сме во периодот што следи уште поефикасно да се организираме за што побрзо да ја завршиме имунизацијата, пишува на Фејсбук министерот Филипче.