Connect with us

Инфо +

Ангелов не сака да биде дезертер, одговорноста за случајот со починатиот Божинов ја бара кај други

Published

on

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вината ќе ја бара кај сите други ама не и кај самиот себе. Не чувствува одговорност за случајот со 63 годишниот Златко Божинов од Емирица во кој системот затаи.

Дисциплинска постапка ќе се покрене кон оперативецот во Кратово кој според Комисијата на ЦУК, тој не ја известил дирекцијата за заштита и спасување и не побарал хеликоптер.

Ангелов се правда дека не бил известен за случајот, оти ако бил, повеќе од сигурно ќе побарал хеликоптер, ако знаел што се случува. За него оставка не е опција туку дезертирање.

Оставка за мене не е опција тоа е дезертирање. Во наредните шест месеци има многу работа која треба да се сработи за да се отстранат слабостите. Доколку Владата побара од мене одговорност јас ќе ја профатам – истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Комисијата која ја формираше ЦУК ќе истражува кој дел од системот направи пропуст што случајот заврши со смртен исход. Ангелов се пофали дека одговори  побарал од сите.

Ги бараме пропустите, бараме одговорност, но крајната цел е истите да ги отстраниме за да не ни се повторат во иднина. Доколку се утврди вина кај некој од учесниците во целата оваа постапка ќе биде покрената дисциплинска мерка. Во овој момент од страна на Комисијата е констатирано дека од оперативецот во Кратово не е побарано хеликоптер и не е известена Дирекцијата за заштита и спасување што претставува кршење на стандардните оперативни процедури за што следи дисциплинска постапка. За целосно расчистување на случајот одговорноста која неспорно постои и кај нас ќе ја бараме и на други места, истакна Ангелов.

Јавноста остро критикува, а дополнително револтира фактот што премиерот заедно со уште неколку министри минатиот петок се возеа со хеликоптер од Скопје до Прилеп, а два дена претходно не можело да се обезбеди за човек кој се борел за живот.

Иако младиот лекар преку директорот на Здравствен дом Кратово побарал хеликоптер, ваквото барање градоначалникот го отфрлил со образложение дека процедурите за летови биле долги, и ќе се изгубело драгоцено време.

Трогателната приказна во која 90годишната мајка 12 часа лежела до синот за да го топли, ја отвори и дилемата каде се  двата хеликоптерите кои минатата година ги вети премиерот. Од власта се правдаат дека проектот  со кои за 15 минути може да се спаси човек не се реализирал, поради ковид кризата.


Алфа телевизија.

Балкан

200 ЗЕМЈОТРЕСИ ЗА 48 ЧАСА НА САНТОРИНИ Се затвораат училиштата, се откажуваат собирите

Published

on

Претпладнево меѓу серијата земјотреси беа регистрирани и три со јачина од 4,5, 4,3 и 4,1 степени.

Над 200 земјотреси во изминатите 48 часа биле регистрирани во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос со максимална магнитуда од 4,5 степени, а по новиот состанок во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција беа донесени превентивни мерки за граѓаните, меѓу кои и одлука училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи утре да останат затворени, јави дописничката на МИА од Атина.

Претпладнево меѓу серијата земјотреси беа регистрирани и три со јачина од 4,5, 4,3 и 4,1 степени, грчките сеизмолози смируваат дека земјотресите на Санторини не се поврзани со вулканската активност на островот, додека премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за вечерва закажа состанок за земјотресите.

Поради зголемената сеизмичката активност во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос, денеска се одржа нов состанок, втор за помалку од 24 часа на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за цивилна заштита и климатски кризи и откако ги разгледале податоците донеле неколку препораки и превентивни мерки.

Поконкретно, како што соопштија од Министерството, членовите на комисиите одлучиле училиштата на четири острови утре да останат затворени, а на граѓаните им препорачуваат да избегнуваат големи собири во затворени простори; да избегнуваат напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во четирите пристаништа на Санторини; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, особено на места каде што е веројатно да се појават одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Дополнително, откако комисиите ги разгледале досегашните податоци едногласно констатирале дека „сеизмичката активност во калдерата е намалена“, дека „сеизмичката серија и понатаму е зголемена во последните 48 часа со над 200 земјотреси во делот меѓу Санторини и Аморгос (земјотреси со максимална магнитуда од 4,5 степени)“, но и дека тековната сеизмичка активност во конкретната област „се должи на подморски раседи со североисточен и југозападен правец и не е поврзана со вулканска активност“.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, соопштија дека надлежните комисии утре напладне ќе одржат нов состанок.

Паралелно, грчкиот премиер за 19 часот по локално време закажа состанок во Премиерската палата.

Continue Reading

Македонија

ЈО: Специјализираното одделение ги истражува случувањата во „Шутка“, ќе има постапки против инволвираните затворски полицајци

Published

on

Од Основното јавно обвинителство денеска информираат дека специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи информациите во врска со случувањата во Затворот Скопје.

Како што велат, по добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапи во рамките на своите надлежности за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Ова следува откако во јавноста излегоа фотографии од возачот Васил Јованов, кој на Партизанска ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова, како држи телефон во раката додека е во притвор во затворот „Скопје“.

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов вчера порача дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, а извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица.

Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.

Continue Reading

Македонија

Граѓаните без доверба во судството: Две третини не веруваат во фер судење

Published

on

Две третини од граѓаните на Македонија (62,6%) сметаат дека не можат да добијат фер судење во земјата, покажува најновата анкета на Детектор. Ова е значителен сигнал за недовербата во правосудниот систем, иако има мало зголемување на оние кои веруваат во фер судење – 23,5% во споредба со 19,3% во 2023 година.

Анкетата покажува дека правдата е селективна, според 73,5% од испитаниците, бројка која останува непроменета во последните две години.

Довербата во институциите – алармантно ниска
• Судството: Само 8,4% од граѓаните целосно му веруваат, а уште 18,4% имаат делумна доверба. Половина од испитаниците (51,6%) изјавиле дека воопшто не му веруваат.
• Обвинителството: Веруваат само 5,8%, а донекаде му веруваат уште 20,5%. Половина од испитаниците (50,5%) воопшто не му веруваат.
• Полицијата има нешто поголема доверба – 19% целосно ѝ веруваат, а 29,8% делумно.

Дополнително, 77,2% од граѓаните сметаат дека правосудството е под надворешни влијанија, а само 10,8% веруваат во неговата независност.

Незадоволство од институциите

Голем број граѓани сметаат дека Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители треба да бидат распуштени:
• 57,8% велат дека Судскиот Совет треба целосно да се распушти.
• 54,6% сметаат дека Советот на јавни обвинители треба да се укине.

Методологија на анкетата

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) телефонски, од 24 до 27 декември 2024 година, на репрезентативен примерок од 1066 испитаници.

Правдата во Македонија – далеку од граѓаните

Овие резултати јасно покажуваат дека македонските граѓани имаат сериозно разочарување од правосудниот систем, што отвора прашања за итни реформи и потребата од враќање на довербата во институциите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк