Connect with us

Инфо +

Ова е моментот на пукањето врз украинскиот водач на „Кавачкиот клан“ – пука мафијашот на кого МВР му издало македонски пасош (ВИДЕО)

Еден од двајцата мафијаши кој денеска ги откри ВМРО-ДПМНЕ е и Стефан Џукиќ кој е осомничен за обид за убиство на еден од водачите на така наречениот „Кавачки клан“.

Обидот за убиство  се случил во Киев, Украина, а името е Радojе Звицер.

Стефан Џукиќ во тоа време имал македонски пасош на име Каче Герѓи.

Од моментот за обид за убиство на водачот на „Кавачкиот клан“ објави и заменик министерот за внатрешни работи на Украина минатата година на 27 мај.

Станува збор за обид за убиство на Радој Звичер (37) во центарот на Киев.

Тој бил ранет со неколку куршуми од кои три во градниот кош.

Свет

Европа се движи кон војна, предупредува Орбан

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар Немзет“ предупреди дека не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа.

– Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 години. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба, истакна Орбан.

Тој се осврна и на Самитот на ЕУ во Брисел, посочувајќи дека Европа во моментот се приближува кон војна.

– Минатата недела во Брисел успеавме само да го забавиме темпото со кое Европа се движи кон војна. Некои сакаа да го забрзаат овој процес до хипербрзина, а ние успеавме да го блокираме тоа. Но, не го запревме самиот процес, само го спречивме неговото забрзување, изјави Орбан.

Премиерот истакна дека Европа е повторно поделена на два табора: воениот и мировниот, при што според него, преовладуваат силите што се залагаат за војна.

Орбан посочи дека вклучувањето на Европа во војната во Украина не било неизбежно и дека можело да се испрати мировна мисија во Москва и Киев.

– Да се случеше тоа, денес немаше да живееме во сенка на војна, додаде тој.

Тој критички се осврна и на функционирањето на Европската Унија, оценувајќи ја како „во состојба на распаѓање“ и посочувајќи дека зајакнувањето на империјалните амбиции на Брисел ја загрозува европската индустрија, особено хемиската и производството на автомобили, како и политиката за миграција.

Орбан повтори дека Унгарија е против членството на Украина во ЕУ и дека воената помош ја исцрпува енергијата и ресурсите на Европа, додека санкциите ја оштетуваат економијата.

На крајот, тој упати порака до Унгарците за лична и национална самосвест:

– Сакај го ближниот свој како себеси. Сега се фокусирам на второто – сакај се себеси. Правилната самосвест носи самопочит, а самопочитувањето овозможува препознавање на успехот на другите – тоа е љубовта кон ближниот, истакна Орбан.

Continue Reading

Свет

Либија завиена во црно: Началникот на генералштаб загина во авионска несреќа кај Анкара

Началникот на Генералштабот на либиската армија, Мохамед Ал Хадад, и членовите на неговата придружба загинаа во авионска несреќа што се случи кратко по полетувањето од аеродромот Есенбог во Анкара.

Информацијата ја потврди премиерот на либиската Влада на национално единство, Абделхамид Дбеибах, кој соопшти дека властите се информирани за смртта на Ал Хадад и лицата кои патувале со него.

Според турските медиуми, авионот се урнал на околу два километри од селото Кесикавак, во округот Хајмана. Турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, соопшти дека е отворена истрага за причините за несреќата.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, претходно изјави дека контактот со приватниот авион бил изгубен кратко по полетувањето. Тој наведе дека авионот од типот „Фалкон 50“, со регистрација 9H-DFJ, полетал во 20:10 часот на лет за Триполи, а радарскиот контакт бил изгубен во 20:52 часот по локално време.

Според неговите зборови, од авионот била испратена порака за итно слетување во близина на Хајмана, но по тоа комуникацијата целосно прекинала.

Continue Reading

Балкан

ПАДНА НАЈГОЛЕМИОТ БАЛКАНСКИ НАРКО-КЛАН

Шпанската полиција разби ќелија на балкански нарко-картел во голема меѓународна операција координирана од Европол, во која учествуваа и безбедносните служби од Србија, БиХ и Хрватска. Во акцијата се уапсени 30 лица, а запленети се 2.550 килограми кокаин – една од најголемите државни заплени во Шпанија.

Според шпанските медиуми, операцијата е спроведена во регионот Кампо де Гибралтар, каде што криминалната група ја користела реката Гвадалкивир како главна влезна точка за дрогата. Кокаинот бил префрлан од морето со глисери до повеќе локации долж реката, со што се намалувал ризикот од полициско пресретнување и се олеснувала понатамошната дистрибуција.

Рации биле извршени во Малага, Кадиз и Севиља, при што биле запленети оружје, големи суми пари, компјутери, документација и значителни количини дрога. Истражителите наведуваат дека истрагата продолжува со цел следење на финансиските текови, идентификација на нови ќелии и реконструкција на врските меѓу различните гранки на организацијата. Во акцијата учествувале повеќе од 500 полицајци, а биле претресени 45 куќи и компании.

Шпанските власти соопштија дека меѓу уапсените има и водечки фигури на т.н. балкански картел. Безбедносните служби предупредуваат дека во последните месеци балканските криминални мрежи го прошируваат влијанието и преземаат контрола врз трансконтиненталните кокаински рути, потпирајќи се на директни контакти со производители во Колумбија, Перу и Еквадор и на сложени финансиски шеми за перење пари.

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека во Шпанија се уапсени српските државјани Б.Б. (62), Б.И. (49), М.Б. (26), М.Н. (28), С.С. (38), Р.М. (21), Д.П. (32) и Н.Т. (32). Според сомнежите, тие обезбедувале логистика и опрема за прием на кокаинот пристигнат од Колумбија, кој потоа бил складиран и дистрибуиран во координација со шпански криминални групи.

Шпанската Национална полиција објави и видео-снимки од претресите, на кои се гледаат дрога, оружје и снопови банкноти, како и обележја поврзани со криминалната мрежа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг