Кај нас на четири дена паѓа по еден авион со 200 патници, по 50 луѓе дневно умираат, Одговорност нема!

Актерот Сашо Тасевски ѝ ги наброи сите гревови од последно време на „баграта социјалдемократска“, како што ја опиша.

„Ај вака, пошо баграва социјалдемократска ме влече за јазик.Они истражувале, а ние сме збореле глупости. Што ќе истражувате?

Вода во очи немате. Немало понеспособна и полоша влада во историјата на Македонија од оваа. Некаде ќе падне авион со 200 патници од икс причини, па одма имаш оставки од директорот на контролата за летање, од министерот за транспорт, од шефот на контролорите од овој од оној.

Е сега, кај нас секој четири дена паѓа по еден авион со 200 патници. По 50 луѓе дневно умираат од ковид. Одговорност нема. Ги истраживте ова?

Во ек на умирање од ковид, власта сакаше да договара проценти со Кинезите за вакцини. Кинезите ги откачија и авансот им го вратија, зашто за таа работа во Кина те стрелаат. Кај нас никој за тоа не понесе одговорност. Ова дали го истражувате, а?

Пука невиден скандал дека за време на оваа власт на СДСМ, се делеле пасоши преку полицијата на најмоќни нарко дилери од Балканот. Ова го истраживте? Или треба да ви веруваме на онаа глупост дека во вмровско време се давани. Што криевте до сега ако ги давале вмровците? Инфантилни сте до имбецилност кога се браните.

И најпосле, истражувале зошто ниту една институција не мрднала со прст да го спаси колабираниот Златко на планината. Што има да се истражува?

Растур систем. Овој не му јавил на оној, па тој третиот не знаел. Е такви ви се институциите и луѓето кои власта на, СДСМ ги поставила на раководни позиции. Не сме ние криви и бабите наши. Туку власта. Тоа истражете го, смрдежи едни. Зашто утре ќе му дојде ред на некој од нас за умирачка поради вашиот дилетантизам и јавашлук. Ова да го истражите“, порача Тасевски.