Нова химна за Европско со скандал: Сејдини барал бришење на селекторот од химната ? (Видео)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини кој пред неполн месец беше реизбран за прв човек на македонскиот фудбал скандалозно побарал да се избрише селекторот Игор Ангеловски од химната која е снимена за националните херои под името „Одиме на Европско“, пишува 360 Степени

ФФМ денеска ја објави химната на фудбалската репрезнетација која летово ќе дебитира на Европските првенства, но од поодамна затегнатите односи на релација А-тим – раководство на ФФМ повторно се пред експлозија и тоа откако првиот човек на ФФМ, Сејдини побарал да се избрише Ангеловски од текстот со стихот: „Мрме на чело на црвена армија, те слави Македонија“.

Видео:

YouTube video player