Connect with us

Инфо +

На 99 години почина принцот Филип – сопругот на кралицата Елизабета Втора

Published

on

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора почина утрово во замокот Винздор.  Кралското семејство на својот Твитер профил објави за неговата смрт. Принцот Филип имаше 99 години.

Европа

Путин во неочекувана изјава откри што навистина треба да се случи со Украина

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека треба да се разгледа опцијата за привремено ставање на Украина под администрација на Обединетите нации (ОН) за да се овозможи организирање нови избори во земјата.

Тој нагласи дека ваква практика постои и дека може да се разгледа можноста за привремена администрација на ОН, во соработка со САД, европските земји, како и со партнерите и пријателите на Русија.

Путин објасни дека целта на оваа идеја е да се спроведат демократски избори кои ќе доведат до формирање влада способна да изврши мировен договор. По тоа, според него, ќе започнат преговори за мировен договор, кои ќе доведат до потпишување на легитимни документи признати на меѓународно ниво и кои ќе обезбедат безбедност и стабилност.

Русија досега постојано се обидуваше да го оспори легитимитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Редовниот мандат на Зеленски ќе истече во мај 2024 година, но избори не можат да се одржат поради воената состојба која е во сила три години. Путин исто така постојано користи нацистички референци и реторика од Втората светска војна за да ја оправда инвазијата, иако Зеленски е Евреин.

Во февруари, украинскиот парламент усвои резолуција која потврдува легитимитет на Зеленски со јасно мнозинство. Многумина во Украина сметаат дека изборите под сегашните услови на конфликт би биле нефер и непрактични, бидејќи не би можело да се обезбеди учество на војниците и раселените лица.

На меѓународно ниво, Зеленски продолжува да биде признат како легитимен претседател. Путин исто така повтори дека Русија претпочита мирно решение на конфликтот, но не на сметка на Украина. Тој истакна дека е подготвен да преговара, вклучително и со Европјаните, но дека Русија не дозволува да биде измамена.

Во воена смисла, Путин е убеден во победата на Русија, која веќе го контролира 99% од Луганската област и над 70% од областите Доњецк, Херсон и Запорожје, кои Москва ги анектираше.

Continue Reading

Свет

Вознемирувачко: Пристигнуваат снимки од разорниот земјотрес во Мјанмар. Се урна облакодер во Бангкок

Published

on

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Стотици луѓе во тајландската престолнина Бангкок во паника излегоа од зградите откако почувствуваа дека земјата се тресе, јавува Ројтерс.

Според Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS), епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, втор силен последователен потрес со јачина од 6,4 ја погоди областа.

Пристигнуваат информации за урнати згради во Мјанмар и Бангкок.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Свет

Виктор Орбан: ЕУ се подготвува за војна

Published

on

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.

„Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, рече Орбан на прес-конференција, пренесе МТИ.

Орбан рече дека во моментов не се чини дека Европа е под непосредна закана од војна и дека е многу малку веројатно дека „некој би нападнал членка на НАТО“.

Според него, оние кои се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да иницираат „некој чин на војна“, додавајќи дека во моментов се водат политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот.

Унгарските семејства, рече Орбан, не треба да преземаат посебни мерки, пренесува Танјуг.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк