Србија вакцинираше 75 илјади граѓани за еден ден!

„Со ваква бројка не можат да се пофалат ни најразвиените земји во Европа и светот“ – се гордее Вучиќ, претседателот на Србија.

Србија денеска го сруши сопствениот рекорд по број на вакцинирани во еден ден. Веста ја соопшти (кој друг ако не) претседателот на Србија – Александар Вучиќ.

Тој им заблагодари на граѓаните ширум Србија, од сите села и градови, кои донеле одлука да се вакцинираат и со тоа се заштитиле себе си, како и своите најблиски и сите други со кои имаат контакт.