Министерот Хоџа живее како шеик на ваш трошок: За 6 месеци потрошил над 22.000 евра на кафе и ручеци

Од минатата година сме во пандемија и буџетот на министрите е намален за трошоци, но за срамот да биде уште поголем е што дури и да не беше пандемијата, овие претерани суми за кафе и храна на министерот Хоџа се над границата на основните потреби, пишува Шќип медиа.

Аријанит Хоџа, министер за земјоделство од редовите на Движењето БЕСА, од септември, кога беше назначен на функцијата до 28 февруари годинава, односно само за 6 месеци, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство, односно во бифето „Концепт БАР“, компанија за послужување кафе и храна што го доби тендерот од македонската влада, пишува порталот Шќип медиа.