Ни донираа уште 2.000 кинески вакцини

„Преку нашиот амбасадор во Абу Даби, денеска ќе пристигнат 2.000 кинески вакцини како донација. Тие ќе пристигнат во Софија.

Веќе го организиравме транспортот, возилото е веќе на софискиот аеродром и денеска ги очекуваме да пристигнат тука“, информираше денеска министерот Венко Филипче.

Изјавата ја даде пред Арената А1 каде утринава организирано се вакцинираа новинари.