Connect with us

Инфо +

Тетовци не ги праќаат децата во градинка оти се небањати – во градот нема капка вода

Published

on

Годината мина во пандемија, кога најмногу од се е важна личната хигиена, тетовци ја минуваат без вода. Во градот под Шара повеќе нема вода отколку што има. Граѓаните И викендов убавото време го искористија обидувајќи се да обезбедат вода. 

Според надлежните, причина за проблемот со водоснабдувањето не е дефект, туку студеното време и снегот не дозволувале поголема штедрост на природните извори со вода на Шар Планина.

–Чиста вода е едно од основните човекови права. Ние вчера и денеска, а  и многупати претходно сме 12 саати без вода. Во време на пандемија раце да не можеш да измиеш. Да не објаснувам сликовито и многу други ситуации за кои ниско е да се зборува. Син ми утре нема да оди во градинка затоа што нема со што да го избањам. Да, за градот под Шара зборувам, вели Соња која живее во комплексот згради Блок 70, преку статус на Фејсбук.

-Ова е голем срам за Тетово. Ние во стариот дел од Тетово, веќе еден месец се соочуваме со проблемот со водоснабдувањето, по цел ден нема вода. Се води битка за градоначалник, а за народот никој не води сметка, вели Цонка Антовска, кој живее во населбата Поток.

Од работната единица „Водовод и канализација“ при ЈКП Тетово објаснуваат дека нема дефект,  туку студеното време и снегот не дозволуваат поголема штедрост на природните извори со вода на Шар Планина. Намалените количини на вода оневозможуваат создавање соодветен притисок што треба да ја носи водата од мрежата до сите домаќинства. Според нив, проблемот се појавува особено во згради и куќи кај кои нема хидрофори и цистерни за складирање вода.

-Практиката покажува дека во април издашноста на изворите се зголемува и со тоа ќе има доволно вода за пиење. Се топи снегот на повисоките предели на Шар Планина што резултира со зголемување на издашноста на изворите со вода кои се наоѓаат на тие места, вели Љуљзим Шаќири од „Водовод и канализација“.

Во моментот Тетово се снабдува со околу 270 литри во секунда, а за нормално водоснабдување потребни се над 300 литри вода.

Балкан

Бугарски пратеник собра над 34.200 евра за настраданите во Кочани!

Published

on

Во периодот од 21:30 часот на 16 март до 09:30 часот на 19 март 2025 година, хуманитарната кампања за поддршка на настраданите во Кочани успеа да собере значителни средства. Иницијатор и организатор на донациите е Манол Пејков, пратеник во бугарското собрание, кој ја координира оваа акција преку фондацијата „Манол Пејков и пријатели“.

Во текот на овие 60 часа пристигнаа вкупно 423 донации во следниот износ:

Вкупно собрани средства: 34.225 евра

Пејков објави дека очекува до крајот на денот да стапи во контакт со семејствата на настраданите, кои во моментов се сместени во Софија и Варна, додека во Пловдив веќе има воспоставен контакт.

Во петок, заедно со својот соработник Чило, планира да отпатува во Кочани, каде ќе се сретне со локалното население и ќе ги координира следните чекори за распределба на собраните средства.

Дополнително, во текот на неделата ќе се обиде да оствари средба со амбасадорот на Северна Македонија во Софија, за да изрази сочувство и да понуди поддршка од фондацијата.

Кампањата продолжува

Сите што сакаат да се вклучат во акцијата, можат да го сторат тоа преку следните сметки:

Фондација „Манол Пејков и пријатели“

  • IBAN: BG09DEMI92405000310141
  • PayPal: manolpeykov@yahoo.com
  • Назнака: За настраданите во Кочани и нивните семејства

Continue Reading

Балкан

Турција го блокира пристапот до социјалните мрежи по апсењето на градоначалникот на Истанбул

Published

on

Турските власти воведоа ограничувања за пристапот до социјалните мрежи, вклучително и X, YouTube, Instagram и TikTok, по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и 100 други лица, соопшти Netblocks.

Опозицискиот лидер Имамоглу беше уапсен за време на претресот на неговата куќа како дел од истрагата за наводна корупција и врски со тероризам, пренесе АП.

Уапсени се и повеќе од 100 други лица, меѓу кои и помошникот на градоначалникот, Мурат Онгун.

Иако властите тврдат дека овие постапки се правно засновани, опозицијата ги смета за политички мотивирани.

Набргу по апсењето, акциите на турската берза паднаа за седум отсто, што предизвика привремен прекин на тргувањето.

Освен тоа, турските власти го блокираа сообраќајот на неколку улици во Истанбул и забранија протести на четири дена за да спречат евентуални демонстрации.

Апсењето дојде откако Имамоглу вчера ја загуби дипломата поради наводни неправилности во образованието, што го спречува да се кандидира на претстојните претседателски избори.

Групата Netblocks објави дека пристапот до главните социјални мрежи во Турција е блокиран за да се ограничи ширењето на информации за апсењето и поддршката за опозицијата.

Continue Reading

Балкан

Четворица повредени хоспитализирани во Атина – во Грција се лекуваат вкупно 12 лица

Published

on

Со авион C – 27 Spartan на грчкото воено воздухопловство, во текот на ноќта од Скопје во Атина беа префрлени уште четворица повредни во пожарот во Кочани, со што во Грција на лекување се вкупно 12 лица, од кои пет во Солун и седум во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што синоќа објави МИА, станува збор за четири млади лица со изгореници, кои веќе се хоспитализирани во две воени болници во Атина.

Воениот авион околу 22.30 часот од воениот авион во Атина полета за Скопје, а операцијата за транспорт заврши по 2 часот по полноќ.

Ова е втор лет од Атина за Скопје во период од 24 часа, откако во понеделникот вечерта беа транспортирани тројца повредени.

Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис на Икс утрово информираше дека успешно беше спроведен вториот воздушен транспорт на повредени со изгореници од Националниот центар за итна помош (ЕКАВ), со помош на военото воздухопловство, „во рамките на поддршката на Грција за Северна Македонија“.

– Во рамките на континуираната и итна поддршка на Грција за Северна Македонија, по трагичната несреќа што се случи во градот Кочани и по барањето на соседната земја до Европскиот механизам за цивилна заштита, вчера успешно беше извршен вториот воздушен транспорт во Атина на уште четворица повредени со изгореници од страна на ЕКАВ. Авион C-27 на военото воздухопловство на Грција, со медицински тим на ЕКАВ со двајца лекари и тројца спасувачи, слета во 02.10 часот на воениот аеродром Елефсина. Четворицата повредени со изгореници веднаш и безбедно беа пренесени со мобилни медицински единици на ЕКАВ, тројца во Општата воена болница 401 и еден во Општата болница на воздухопловството 251 за понатамошно лекување, напиша Георгиадис.

Грчкиот министер потсети дека до овој момент вкупниот број на пациенти со изгореници од кои се транспортирани во Грција и се хоспитализирани: се шест во Општата воена болница 401 во Атина; еден во Општата болница на воздухопловството 251; тројца во Општата болница во Папаниколау во Солун и двајца во Општата воена болница 424 во Солун.

– Здравствениот оперативен центар на Националниот центар за итна помош (ЕКАВ) во рамките на оперативниот план за управување на транспортот и хоспитализацијата на повредени со изгореници, продолжува да ги одржува во состојба на зголемена готовност Одделите за изгореници во соодветните здравствени центри во Солун и Атина, нагласи министерот за здравство на Грција.

Од грчката амбасада во Скопје, на социјалните мрежи објавија дека авионот на грчкото воено воздухопловство заедно со медицинскиот тим на Националниот центар за итна помош (ЕКАВ) го спроведоа „вториот медицински лет за евакуација со четворица пациенти на интензивна нега кои ќе добијат третман во воените болници 401 и 251 во Атина.

– Наша срдечна благодарност до ΕΚΑΒ за организацијата и координацијата на мисијата. Солидарноста со Северна Македонија е силна, напишаа од грчката амбасада во Скопје и објавија фотографии.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк