(Boзнeмиpyвaчкo видeo): Убиcтвo нa пoлицaeц вo Њу Мексико кoj зaпpeл вoзилo зa pyтинcкa пpoвepкa

Новобјавена снимка го покажува морничавиот момент кога полицаец во Њу Мексико е застрелан за време на рутинска проверка на автомобил.

Видео камерите поставени во полициското возило покажуваат како Даријан Џерот се доближува на „пикап“ на автопатот на 4-ти февруари и го испрашува возачот. Возачот бил запрен заради претерано затемнување на прозорците.

Разговорот течел мирно неколку минути, а возачот бил идентификуван како Омар Феликс Куево кој признал дека има оружје во возилото, пренесува „Њујорк пост“.

-Дали би ви пречело да го преземам заради сопствена безбедност, го прашал полицаецот возачот.

YouTube video player